Инфективен хепатитис

Инфективниот хепатитис кај кучињата е предизвикан од страна на кучешкиот adenovirus CAV-1, тип на ДНК вирус кој предизвикува инфекции на горниот респираторен систем. Овој вирус ги напаѓа функционалните делови од органите, особено црниот дроб, бубрезите, очите и ендотелните клетки (клетките кои се наоѓаат на внатрешната површина на крвните садови).

На почетокот на инфекцијата, вирусот се задржува во крајниците 4-8 дена. Потоа се проширува во крвотокот, состојба позната како виремија, и се сместува во Купферовите клетки (специјализирани бели крвни клетки во црниот дроб) и ендотелот на црниот дроб. Идеално, овие бели клетки наречени макрофаги, го штитат телото од инфективни напади, но некои вируси ја имаат способноста да ги користат овие макрофаги како превозно средство и простор за репликација. Кучешкиот adenovirus CAV-1 е таков вирус, кој ги користи Купферовите клетки за да се реплицира и шири и во исто време да ги оштетува околните хепатоцити (клетки на црниот дроб кој се вклучени во синтеза на протеини и трансформација на јаглехидрати). За време на оваа фаза на ифекцијата, вирусот се расфрла преку фецесот и плунката и е инфективен за други кучиња.

Кај здрави кучиња со соодветна реакција на антителата, висурсните клетки ќе се исчистат од органите за 10 до 14 дена, но остануваат локализирани во бубрезите преку кои се расфрлаат со урината во наредните 6 до 9 месеци.

Кај кучиња кои имаат половична реакција на антителата, се јавува хроничен хепатитис. Оваа сериозна состојба често резултира со цитотоксична окуларна повреда поради инфламација и смрт на клетките во окото и инфламација на предниот дел од окото (антериорен увеитис). Оваа состојба води до еден од видливите и класични знаци на инфективниот хепатитис, а тоа е „сино око“.

Не постојат генетски, расни или полови предиспозиции за инфеција со овој вирус, НО главно оваа состојба се забележува кај кучиња помлади од една година.

Симптоми кои вие ќе ги забележите:
– симптомите главно зависат од сериозноста на инфекција.

  • Перакутна (многу сериозна) фаза: покачена телесна темпаература, нервни знаци, колапс на крвните садови, проблем со коагулација на крвта, смрт за неколку часа.
  • Акутна (сериозна) фаза: висока телесна температура, анорексија, летаргија, повраќање, дијареа, зголемен црн дроб, болки во стомакот, течности во стомакот, воспаление на крвните садови, црвени точки, проблеми со коагулација, потечени и зголемени лимфни јазли, ретко и воспаление на мозокот.
  • Некомплицирана инфекција: летаргија, анорексија, треска, воспаление на крајниците, повраќање, дијареа, зголемени лимфни јазли, зголемен црн дроб и болки во стомакот.
  • Доцна инфекција: во 20% од случајите ќе резултира со воспаление на окото и потечена корнеа 4 до 6 дена после инфицирањето. Оздравување се случува во рок од 21 ден, но може да има појава на глауком и улцерации на корнеата како последица.

 

НЕВАКЦИНИРАНИ КУЧИЊА СЕ НАЈИЗЛОЖЕНИ НА ВИРУСОТ!

За поставување на соодветна дијагноза ќе треба на вашиот ветеринар да му ја кажете целосната здравствена историја на вашето куче, кога започнале симптомите, дали имало претходни болести и можни инциденти кои би можеле да доведат до оваа состојба. Дали вашето куче било во контакт со други кучиња, дали било во контакт со фецес од друго куче и слично.

Инсистирајте вашиот ветеринар да направи целосен преглед на вашето куче. Целосна крвна слика и биохемиски анализи на црниот дроб и бубрезите, анализа на урина се основните испитувања кои треба да се направат за да се потврди дијагнозата. Пожелно е да се направи и тест на коагулација на крвта, серологија за присуство на антитела за CAV-1 и вирална култура. Ветеринарот ќе направи и тестирање за парво и штенечак за да ги исклучи како можни причинители на моменталната состојба.

Потребно е да се направи и рентген снимка за да се види дали има зголемување на црниот дроб и насобирање на течности во абдоминалната празнина. Абдоминален ехо преглед се прави за да се види каква е состојбата на црниот дроб и дали случајно има некроза (клеточна смрт).

 

 

ЛЕЧЕЊЕ:

Ако инфекцијата е во рана фаза и е без компликации, се дава домашна терапија. Но, како и да е, најдобро е терапијата да се прима во присуство на ветеринарот.
– инфузија за подобрување на електролитнитот дисбаланс од повраќањето и дијареата
– суплементи за калиум и магнезиум
– хепарин за подобрување на способноста за коагулација
– нутритивна терапија со мали оброци

Вашиот ветеринар ќе ви закаже редовни проверки на крвта за да се мониторираат телесните течности, ацидо-базната рамнотежа, коагулацијата и ако е потребно да се даде соодветна терапија. За време на лечењето вашето куче ќе треба да биде на соодветна диета, односно да јаде храна која ќе биде лесна за бубрезите и црниот дроб и ќе овозможи нивно брзо регенерирање.
За време на лечењето кучето не треба да биде во контакт со јавни површини и други кучиња (ширење на вирусот).

 

Единствениот начин да го заштитите вашето куче од оваа болест е со ВАКЦИНА која се дава на 6-8 недели старост, ревакцина и појачување на ревакцината. Потоа следи годишна ревакцинација.
Оваа вакцина е многу ефикасна.

 

Leave a Reply