Цестоди (Tapeworms)

Цестодијаза е медицинскиот термин за инфестација предизвикана од тении. Овие паразити типично ги населуваат тенките црева кај кучињата, младите кутриња, мачки и други домашни миленици.
Врстите на паразити кои влегуваат во оваа категорија се следните: Taenia, Dipylidium Caninum, Echinococcus, и Mesocestoides. Многу е важна превенцијата и лечењето од овие паразити за да се спречи нивни пренесување на луѓето (особено мали деца) и за да се спречи болест кај животното. Со навремена терапија прогнозата е позитивна.

 

 

СИМПТОМИ КОИ ВИЕ ЌЕ ГИ ЗАБЕЛЕЖИТЕ:

Како што паразитот расте, парченца од него се делат на сегменти и преминуваат во цревата на кучето. Може ќе забележите бели до кремасти сегменти или парченца од паразитот во фецесот на вашето куче или на крзното под неговата опашка. Некои паразити се делат на сегменти кои не се видливи со голо око, додека други ќе личат на сусам или семки од краставица. Кучињата може да се лижат или грзат интензивно во пределот на анусот или да го влечат задникот по тепих поради тоа што ги чеша.

Инфестација со овие паразити се случува со ингестија (јадење) на домаќинот кој ги содржи ларвите. Јајцата на цестодите често се внесени во телото на кучето преку возрасни болви. Други извори кои се потенцијални пренесувачи, а кучето може да ги изеде, се зајаци, птици и други глодари. Давање на внатрешни органи на кучињата при чистење на заклан дивеч или фармско животно може да биде извор на инфестација.

 

Дијагнозата се поставува така што се прави преглед на фецесот на вашиот миленик. Тоа значи дека ќе треба во соодветен сад да однесете репрезентативен примерок кај вашиот ветеринар да го прегледа.

Терапијата се состои од давање на инјекција или апче против внатрешни паразити. Овие медикаменти се супер ефективни за отстранување на паразитите од телото. Многу е важно да ја дадете целосно пропишаната доза на препишани лекови. Препорачливо е и да направите контрола по завршувањето на терапијата со повторно носење на примерок од фецес кај вашиот ветеринар.

 

Најдобра заштита од овие паразити е доколку го заштите кучето од болви. Доколку веќе се случи инфестација со цестоди, покрај терапијата на кучето, многу е важно да се исчисти и околината во која кучето живее за да се спречи повторна инфестација. Важно е и да го држите кучето понастрана од мртви животни и ѓубре како превентива.

 

 

 

Leave a Reply