Аскаријаза (Roundworms)

Аскаријаза е болест која се јавува кај кучињата и е предизвикана од интестинални цевчести црви (Ascaris lumbricoides). Овие паразити се често многу големи – дури до 1-12 сантиметри во должина- и можат да бидат присутни во екстремно голем број кај инфестираното животно. Кога се присутно во телото на кучето може да доведат до потекување на стомакот, колики, гастроинтестинални проблеми па дури и пукање на цревата.

Оваа инфестација може да се јави и кај кучиња и кај мачки. Тие се заразуваат кога доаѓаат во контакт со измет од заразено животно. Исто така е можно да се заразат и при контакт со разни глодари, бубашваби, птици и градинарски црви.

 

 

СИМПТМИ КОИ ВИЕ ЌЕ ГИ ЗАБЕЛЕЖИТЕ:

– колики
– летаргија
– повраќање
– потекување на стомакот
– необичен фецес
– кај доилки промени во количината на млекото
– анорексија
– кашлање (предизвикано при мигрирање на ларвите од цревата во белите дробови)

 

 

 

Инфестација настанува со јадење на јајцата од овој паразит, кои може да се најдат во загадена храна, вода, повраќаница или измет. Малите кученца можат да се инфестираат додека се во мајката или откако ќе се родат за време на доењето. Доколку едно кученце е изложено на овој паразит, целото легло ќе се зарази.

При поставување на дијагнозата се земаат предвид сите симптоми, а како најочигледен е подуениот стомак. Исто така, често може да се забележат знаци на слабост и намален апетит. Се зема примерок од изметот во кој се бара присуство на јајца на Ascaris lumbricoides. Добар индикатор дека се работи за ваква инфестација е и исфрлање на мртви возрасни единки од овој паразит во изметот.

 

Како терапија се применува истиот принцип како и кај сите цревни паразити а тоа е давање на апче против внатрешни паразити кај вашиот ветеринар, доза соодветна на килажата на миленикот. Доколку се работи за случај на екстремна инфестација со овој паразит, можно е вашиот ветеринар да препорача и ‘хируршко отстранување’ на паразитите.

По заздравувањето, многу е важно да се направи контрола со повторно носење на примерок од измет кај вашиот ветеринар за да се осигураме дека сме се ослободиле од сите возрасни единки и јајцата.

Редовно давање на апче против внатрешни паразити според препораката на вашиот ветеринар е единствениот начин за превенција од инфестација со овој паразит.
Фенбендазол е активната состојка во овие апчиња. 

 

Leave a Reply