8 знаци дека треба да ја однесете мачката на ветеринар

ПРОМЕНА ВО ОДНЕСУВАЊЕТО

Мачките инстинктивно ја кријат болката, механизам за преживување кој го развиле за да бидат безбедни во дивината. Но ова не ja олеснува работата на луѓето кога има некаков проблем. Многу често, кога мачката не се чувствува добро, ќе почне да се крие за избегне интеракција со другите, ќе биде летаргична, ќе престане да се лиже и чисти или едноставно нема да се однесува како обично. Мачка која не се однесува исто како и секој ден е мачка која треба да ја однесете на преглед.

Овие знаци ќе бидат многу очигледно за вас иако се суптилни, бидејќи вие поминувате најмногу време со вашата мачка и го знаете нејзиното/неговото нормално секојдневно однесување. Овие знаци го вклучуваат нормалното однесување, движење, ниво на енергија, апетит, колку часови спие и слично.

 

 

 

ПРОМЕНА ВО АПЕТИТОТ

Мачките обично одбиваат да јадат кога не се чувствуваат добро, но како и да е некои болести ќе го зголемат апетитот на вашата мачка.
Промени во количината на вода која вашата мачка ја пие дневно, пример пиење на повеќе вода од обично, може да биде знак на дијабетес или заболување на бубрезите.

 

 

ПРОМЕНА НА БОЈАТА НА НЕПЦАТА

Бојата на непцата кај мачката може да покаже многу за нејзиното здравје. Здравите непца ќе имаат розова боја и доколку ги притиснете со прст бојата ќе се врати на нормалната за 2 секунди. Различна боја од розовата на непцата на вашата мачка е индикатор за различни видови на здравствени проблеми. На пример, сини непца покажуваат дека вашата мачка не добива доволно кислород и тоа може да биде опасно по нејзиниот живот. Жолти непца укажуваат на некаков проблем со црниот дроб.
Доколку забележите промена на бојата на непцата, веднаш однесе ја мачката на ветеринар.

 

 

 

МАЧКАТА СЕ ДВИЖИ ЧУДНО

Доколку забележите дека вашата мачка штеди една од нозете и не стапнува на неа или само се движи чудно веднаш однесете ја на ветеринар.
Може да се работи за повреда, фрактура, инфекција или атритис.

 

 

ПРОМЕНИ ВО РУТИНАТА НА КОРИСТЕЊЕ НА ПЕСОКОТ ЗА УРИНИРАЊЕ И ДЕФЕКАЦИЈА

Доколку вашата мачка уринира почесто од обично или покажува знаци на болка додека уринира како грчење или мјаукање, може да има уринарна инфекција или блокада на мочните патишта што претставува многу сериозна состојба. Уринирање или дефекација надвор од легенот со песок може да биде знак за бубрежни камчиња или циститис, но може да биде и знак на артритис што би го направило тешко и болно качувањето/влегувањето во легенот со песок.

Обратете внимание на фрекфенцијата и начинот на уринирање и дефекацаија на вашата мачка. Мачки кои одбиваат да го користат песокот, мачки кои имаат крв во урината или изметот и мачки со долготрајна дијареа треба веднаш да ги однесете на ветеринар.

 

 

 

ПОВРАЌАЊЕ

Кај мачките е нормално да повраќаат од време на време. Мачките знаат понекогаш да се прејадат и да го повратат вишокот храна што ќе го забележите како сува несварена храна. Исто така, мачките повраќаат и топки крзно поради тоа што кога се лижат и чистат тие ги голтаат влакната. Овие влакна не можат да ги сварат и претворат во измет па затоа од време на време ги повраќаат. Мачките знаат да повратат од возбуда или од страв.

Во секој случај, доколку повраќањето е зачестено и не е поради оправдана причина, доколку има крв по повратеното, или доколку повраќањето е придружено со летаргија, треба вашата мачка да ја однесете веднаш на ветеринар.

 

 

 

 

КАШЛАЊЕ

Долколку се работи за кашлање кое трае подолго од еден ден, може да се работи за нешто сериозно како астма, алергија, респираторно или срцево заболување. Доколку вашата мачка има потешкотии во дишењето и/или сино обоени непца, веднаш однесете ја на ветеринар.

 

Leave a Reply