Човечка храна за кучиња – категорија: ГОЛЕМ ризик

Ова е категорија на продукти кои треба апсолутно да ги избегнувате. Повеќето продукти на оваа листа и не се дел од храната која своеволно би ја дале на куче (пример алкохол) но се ставени тука како продукти за кои треба екстремно да внимавате вашето куче само да не посегне по нив од маса додека не го гледате.
Верувам дека многу од вас даваат сирови коски за глодање. Ризикот кој го носат коските е повреда од ситните остри делови на дигестивниот систем, почнувајќи од устата па се до цревата. Зборуваме за опструкција поради заглавен дел, прободување од коска, воспаление… Исто така коските носат и ризик повреда на забите како кршење на страна фактот дека го чистат забниот камен. Доколку се решите да ризикувате со коски, следете го будно кучето додека ги глода за знаци на давење или друга повреда. Избегнувајте пилешки коски, тие се најкршливи.
Продуктите на оваа листа предизвикуваат тешки труења или вознемирување на гастроинтестиналниот тракт. Доколку вашето куче изеде нешто од оваа листа будно пратете го за симптоми и бидете спремни да го однесете кај вашиот ветеринар. 

 

 

 


 




 

 

 

Leave a Reply