Придобивки од јадење тиква за кучињата и мачките

Ноември, лисјата паѓаат и градот е во сите бои на есента. Се сладиме со топли костени и печена тиква. До нас е нашиот крзнен љубимец и не гледа со своите молежливи очиња. Се прашуваме дали смееме да му удоволиме и да му дадеме од нашите есенски богатства.
ДА! Тиквата е одлична храна за кучиња и има огромен број на придобивки.
Давана во мали дози, тиквата и пирето од тиква имаат значителни придобвки за подобрување и одржување на здравјето на кучињата и мачките.

 

 

ТИКВА ПРОТИВ ДИЈАРЕА и ЗАПЕК

Тиквата нуди решение и за двете состојби. Тиквата од конзерва е всушност пире од тиква. Додавање до две мали лажички пире од тиква дневно во исхраната на вашето куче помага во регулирање на варењето на храната бидејќи тиквата е богата со растителни влакна.

Од друга страна, тиквата го омекнува изметот на кучето и може да помогне при вознемирен стомак и да го излечи запекот брзо.

 

ТОПКИ ОД КРЗНО

Растителните влакна во тиквата помагаат во движењето на крзнените топки низ стомакот на мачките и помага за нивно побрзо и полесно исфрлање со изметот наместо повраќање. Повеќето мачиња обожаваат тиква, но ако мачката е пребилива измешајте ја со другата храна.

 

 

ОДРЖУВАЊЕ НА ЗДРАВ УРИНАРЕН СИСТЕМ

Маслата кои се наоѓаат во семките од тиква и самата тиква помагаат во одржување на здрав уринарен тракт и кај кучињата и кај мачките. Додавање на малку тиква во исхраната ќе помогне во избегнување на уринарни инфекции, уринарни блокади и слично.

 

ПАРАЗИТИ

Семките од тиква содржат аминокиселина наречена cucurbitin која делува како природен лек за прочистување. Внатрешните паразити се парализираат од оваа аминокиселина. Најдобар начин за спремање на семките е да ги испечете и истолчите додека не се во форма на прав и да додате една мала лажичка во влажна храна.
* Ова не го заменува редовното прочистување од внатрешни паразити туку помага за правење на здрава и недостапна околина за паразитите во меѓувреме.

 

НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ

Тиквата и нејзинити семки се пребогати со витамин А, бета каротен, калиум, железо, бакар, цинк и магнезиум. Се верува дека антиоксидансите присутни во тиквата превенираат одредени форми на рак.

 

ДИЕТА СО ТИКВА

Доколку вашето куче има вишок на килограми можете да направите успешна диета со тоа што ќе ја намалите количината на храна која ја внесува и таа одземена количина ќе ја замените со лажичка пире од тиква или грицки на база на тиква. Поради тоа што тиквата е богата со растителни влакна, од мала количина вашето куче ќе се чувствува заситено.

 

*ПРЕПОРАЧАНАТА ДОЗА НА ТИКВА ДНЕВНО ЗАВИСИ ОД ГОЛЕМИНАТА НА ВАШЕТО КУЧЕ ИЛИ МАЧКА. ДОЗАТА ВАРИРА ОД ПОЛОВИНА МАЛА ЛАЖИЧКА ДО ЕДНА ГОЛЕМА СУПЕНА. ТИКВАТА ОД КОНЗЕРВА ГИ ИМА ИСТИТЕ НУТРИТИВНИ ВРЕДНОСТИ КАКО СВЕЖАТА ТИКВА НО Е ПОЕДНОСТАВНА ЗА УПОТРЕБА. ОСИГУРАЈТЕ СЕ ДЕКА НА ПАКУВАЊЕТО Е ОБЕЛЕЖАНО ДЕКА КОНЗЕРВАТА СОДРЖИ 100% ТИКВА. АКО НЕ СТЕ СИГУРНИ КОЛКАВА ДОЗА ДА ДАДЕТЕ, КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ВЕТЕРИНАР*

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply