Голди [ВДОМЕНА]

Голди е мачка од скопските улици која ја имала таа несреќа да верува на погрешните луѓе. На крајот на 2017та година, Голди имаше хорор ден во кој жена ја ставила во вреќа и решила да ја клоца до смрт. Потрошила 5-6 од нејзините 9 животи и се здоби со скршеници на долната и горната вилица, но изгуби и едно око. Операциите за поправка на вилиците се направени и моментално има привремено сместување. За Голди се бара постојан дом во кој ќе биде сакана како што заслужува. После се што и се случило, Голди е галкач и предач и продолжува да им верува на луѓето.
Да бидеме хумани и да и најдеме дом!

Лице за контакт: Александра 075 400 278

 

Leave a Reply