Хуго

Дојрана: „Здраво на сите. Ви се обраќам за помош или совет. Откако се преселив во странство пред година и пол, боксерот и го оставив на чување на мајка ми, не можев да го земам да живее со мене поради тоа што е многу тешко да се најде стан под кирија каде дозволуваат животни, а и ситуацијата не ми дозволува тоа да го направам. На почетокот не беше толку проблем за мајка ми да го чува, меѓутоа таа се разболе, а и има дополнителни хронични срцеви и други проблеми и е многу тешко да се справи со него бидејќи е он хиперактивен, трча, скока, бара внимание и некој да го игра. Проблем е и тоа што мајка ми не може ни да го шета дека е многу силен и физички ја надвладува. Од причина што мајка ми е секојдневно под стрес, а се справува со болки и оди на терапија, јас немам друго решение освен да го вдомам кај некого. Инаку боксерот се вика Хуго, роден е на 9 август 2013 година и е од легло на Dimitar Velkov од Кочани. Многу е паметен, дресиран, знае многу трикови (подолу во видеото), многу добар со деца, со други кучиња, мачки и останати животни.
Дали можеби некој од вас би се понудил да го вдоми или познава некој кој би сакал да чува боксер? Јас многу го сакам и срце ми се кине што треба да го дадам, а го чувам 4 години, меѓутоа морам да мислам на здравјето на мајка ми. Многу ми е важно да го дадам во дом (исклучиво во домашни услови) каде што ќе биде чуван и сакан како до сега што бил кај нас, и каде ќе можам да го посетувам кога ќе доаѓам во Македонија.
Ве молам доколку е некој заинтересиран или сака на било каков начин да помогне, да ми пише во инбокс или порака на вибер +386518002016.

За почеток Хуго се вдомува привремено до месец јули, за понатаму откако јас лично ќе се сретнам со потенцијалните кандидати и ќе се уверам во условите во кои би било чувано. Исто така, ќе биде потпишан и договор заверен на нотар во кој ќе бидат наведени сите услови. Предност при вдомување имаат семејства што чувале боксери или друга слична раса.
Ве молам споделете.“

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply