ВЕТЕРИНАРНИЦА
  • Кучиња
    • Ќе земеме куче!
    • Пубертет кај кучињата
    • Брахицефаличен синдром
    • Анксиозност кај кучиња
    • Убоди и угризи од инсекти кај кучињата и што да очекувате
    • Превентива
      • Вакцини
      • 4 главни знаци дека треба да го однесете кучето на ветеринар
      • Што ни кажува бојата на изметот за здравјето на нашето куче?
      • Како да го подобрите имунитетот на вашето куче?
      • Придобвки од стерилизација кај кучињата
      • Придобивки од кастрација кај кучињата
      • Млечни заби vs. Трајни заби
      • Колку ладно е преладно за кучињата?
      • Распоред на одржување на хигиенска нега кај вашето куче
      • Грижа за шепите во зима
      • ПРВА ПОМОШ за вашиот миленик
      • Проблеми со шепите кај кучињата – 10 ситуации на кои треба да обрнете внимание и како да се справите
    • ИСХРАНА
      • ЧОВЕЧКА ХРАНА ЗА КУЧИЊА – 0 РИЗИК
      • Човечка храна за кучиња – категорија: мал ризик
      • Човечка храна за кучиња – категорија: умерен ризик
      • Човечка храна за кучиња – категорија: ГОЛЕМ ризик
      • Придобивки од јадење тиква за кучињата и мачките
      • Кокосово масло за кучиња
      • Домашно приготвeна храна за кучиња – НУТРИТИВЕН ВОДИЧ
    • Болести кај кучињата
      • Парвовироза
      • Штенечак
      • Инфективен хепатитис
      • Параинфлуенца вирус (Kennel cough)
      • Лајшманиоза (LSH)
      • Алергија кај кучињата
      • Епилепсија кај кучиња и мачки
      • 10 Предупредувачки Знаци за Рак кај Кучињата и Мачките
  • Мачки
    • Ќе земеме маче!
    • Пубертет кај мачките
    • Интервју: Персиски мачки – Иван Кацарски
    • Превентива
      • 8 знаци дека треба да ја однесете мачката на ветеринар
      • Придобивки од кастрација и стерилизација на мачки
      • ПРВА ПОМОШ за вашиот миленик
    • Болести кај мачките
      • Леукемија кај мачки (FeLV)
      • Инфективен ринотрахеитис кај мачки (FHV-1)
      • Инфекција со Калици Вирус кај мачки (FCV)
      • Вирус на имунодефициенција кај мачки (FIV)
      • Епилепсија кај кучиња и мачки
      • Пнеумонија кај мачките
      • Астма кај мачки
    • ИСХРАНА
      • Човечка храна – здрава и безбедна за мачки
      • Човечка храна – опасна за мачки
      • Придобивки од јадење тиква за кучињата и мачките
  • Егзотични миленици
    • Хрчаци
  • Паразити
    • Надворешни паразити
      • Болви
      • Крлежи
      • Демодикоза
      • Ушни грини
      • Тромбикулоза (Trombicula autumnalis)
    • Внатрешни паразити
      • Цестоди (Tapeworms)
      • Аскаријаза (Roundworms)
      • Џардијаза (Giardia)
  • Вдоми ме
    • Шарко [ВДОМЕН]
    • Хепи
    • Мајка со бебиња
    • Бела
    • Мики
    • [ВДОМЕНО❤] Малтезер
    • Дејзи [ВДОМЕНА]
    • Орео [ВДОМЕН]
    • Тоби
    • Маче
    • Маза [ВДОМЕНА]
    • Голди [ВДОМЕНА]
    • Хуго
    • Агата
    • Тавче и Гравче [ВДОМЕНИ]
    • Луси [ВДОМЕНА]
    • Женско куче на подарок [ВДОМЕНА]
    • Скај [ВДОМЕНА]
    • 5 Женски Кутриња Бараат Дом
    • Мешанчиња на подарок
    • Кученца за вдомување
    • Се вдомува персиска мачка
  • Фото-катче
  • Контакт

ВЕТЕРИНАРНИЦА

  • Кучиња
    • Ќе земеме куче!
    • Пубертет кај кучињата
    • Брахицефаличен синдром
    • Анксиозност кај кучиња
    • Убоди и угризи од инсекти кај кучињата и што да очекувате
    • Превентива
      • Вакцини
      • 4 главни знаци дека треба да го однесете кучето на ветеринар
      • Што ни кажува бојата на изметот за здравјето на нашето куче?
      • Како да го подобрите имунитетот на вашето куче?
      • Придобвки од стерилизација кај кучињата
      • Придобивки од кастрација кај кучињата
      • Млечни заби vs. Трајни заби
      • Колку ладно е преладно за кучињата?
      • Распоред на одржување на хигиенска нега кај вашето куче
      • Грижа за шепите во зима
      • ПРВА ПОМОШ за вашиот миленик
      • Проблеми со шепите кај кучињата – 10 ситуации на кои треба да обрнете внимание и како да се справите
    • ИСХРАНА
      • ЧОВЕЧКА ХРАНА ЗА КУЧИЊА – 0 РИЗИК
      • Човечка храна за кучиња – категорија: мал ризик
      • Човечка храна за кучиња – категорија: умерен ризик
      • Човечка храна за кучиња – категорија: ГОЛЕМ ризик
      • Придобивки од јадење тиква за кучињата и мачките
      • Кокосово масло за кучиња
      • Домашно приготвeна храна за кучиња – НУТРИТИВЕН ВОДИЧ
    • Болести кај кучињата
      • Парвовироза
      • Штенечак
      • Инфективен хепатитис
      • Параинфлуенца вирус (Kennel cough)
      • Лајшманиоза (LSH)
      • Алергија кај кучињата
      • Епилепсија кај кучиња и мачки
      • 10 Предупредувачки Знаци за Рак кај Кучињата и Мачките
  • Мачки
    • Ќе земеме маче!
    • Пубертет кај мачките
    • Интервју: Персиски мачки – Иван Кацарски
    • Превентива
      • 8 знаци дека треба да ја однесете мачката на ветеринар
      • Придобивки од кастрација и стерилизација на мачки
      • ПРВА ПОМОШ за вашиот миленик
    • Болести кај мачките
      • Леукемија кај мачки (FeLV)
      • Инфективен ринотрахеитис кај мачки (FHV-1)
      • Инфекција со Калици Вирус кај мачки (FCV)
      • Вирус на имунодефициенција кај мачки (FIV)
      • Епилепсија кај кучиња и мачки
      • Пнеумонија кај мачките
      • Астма кај мачки
    • ИСХРАНА
      • Човечка храна – здрава и безбедна за мачки
      • Човечка храна – опасна за мачки
      • Придобивки од јадење тиква за кучињата и мачките
  • Егзотични миленици
    • Хрчаци
  • Паразити
    • Надворешни паразити
      • Болви
      • Крлежи
      • Демодикоза
      • Ушни грини
      • Тромбикулоза (Trombicula autumnalis)
    • Внатрешни паразити
      • Цестоди (Tapeworms)
      • Аскаријаза (Roundworms)
      • Џардијаза (Giardia)
  • Вдоми ме
    • Шарко [ВДОМЕН]
    • Хепи
    • Мајка со бебиња
    • Бела
    • Мики
    • [ВДОМЕНО❤] Малтезер
    • Дејзи [ВДОМЕНА]
    • Орео [ВДОМЕН]
    • Тоби
    • Маче
    • Маза [ВДОМЕНА]
    • Голди [ВДОМЕНА]
    • Хуго
    • Агата
    • Тавче и Гравче [ВДОМЕНИ]
    • Луси [ВДОМЕНА]
    • Женско куче на подарок [ВДОМЕНА]
    • Скај [ВДОМЕНА]
    • 5 Женски Кутриња Бараат Дом
    • Мешанчиња на подарок
    • Кученца за вдомување
    • Се вдомува персиска мачка
  • Фото-катче
  • Контакт
Мачки

Придобивки од кастрација и стерилизација на мачки

written by Наташа Бојчева November 27, 2017
Придобивки од кастрација и стерилизација на мачки

Стерилизација (или овариохистеректомија) и кастрација на мачките е хируршко отстранување на јајниците со матката и тестисите со цел да се контролира популацијата на мачки, здравствени придобивки, контрола на генетски болести и модификација на бихејвиорални проблеми. Стерилизација и кастрација на мачките се операции кои се прават секојдневно насекаде во светот.

Стерилизација претставува хируршко отстранување на внатрешните репродуктивни органи на мачката (јајници, јајцеводи, роговите на матката и дел од матката). Процедурата се изведува под целосна (општа) анестезија и е иста како онаа кај женските кучиња.
Се препорачува женските мачки да се стерилизираат најрано на возраст од 5-7 месеци или постари.

Кастрација претставува хируршко отсранување на тестисите на машките мачки. И оваа процедура се изведува по целосна анестезија но малку се разликува од таа кај машките кучиња. За разлика од кучињата, инцизијата преку која се отстрануваат тестисите се прави на скроталната вреќа наместо над неа и со тоа ја прави оваа процедура поедноставна и побрза (трае неколку минути). По отстранувањето на тестисите и подврзување на семеното јаже, скроталната вреќа не се шие и се остава сама да се затвори.
Се препорачува машките мачори да се кастрираат најрано на 6 месечна возраст. Всушност, се препорачува кастрацијата да не се прави пред физички да се оформи мачорот бидејќи ако се кастрира премногу млад постои ризик од недоволно развивање на уретерите и проблеми со инконтиненција и ФУС (мачји уринарен синдром) при кој доаѓа до блокада на уринарните патишта.

 

 

ПРИДОБИВКИ ОД СТЕРИЛИЗАЦИЈА И КАСТРАЦИЈА

1.) Превенција од несакани легла

Секоја година илјадници мачиња завршуваат на улица затоа што сопствениците на мачки (и женски и машки) не ги стерилизирале/кастрирале. Мачињата кои завршуваат на улица заболуваат од вирусни и бактериски заболувања, умираат од глад, пренесуваат болести и слично. Оние мачиња кои ќе ги преживеат тешките услови на улицата ќе пораснат во возрасни сексуално и репродуктивно способни мачки кои неколку пати годишно ќе имаат свои легла на мачиња кои повторно ќе бидат на улица. Дивите и улични мачки претставуваат голем ризик, тие во себе може да носат голем број на болести кои можат да бидат ризични за луѓето (беснило, глисти…) и за други животни (беснило, FIV, FeLV, FHV, паразити..), се борат со домашни животни и тоа резултира со рани, абсцеси и инфекции.

 

2.) Намалување на ризикот од пренесување на генетски болести

Одгледувањето на мачки не е само за создавање на нови мачиња туку за пренесувањето на одредени гени и генетски особини од една генерација на друга. Сопствениците и одгледувачите треба да ги стерилизираат женските мачки кои имаат особини во темпараментот или бојата кои не одговараат или се погрешни за таа раса на мачки, за да се намали ширењето на овие „дефекти“ на следните генерации. Женските мачки кои имаат наследни генетски болести или наследни деформитети треба да се стерилизираат за да се спречи ширењето на овие генетски болести на леглото. Примери за вакви болести се полицистични бубрези, амилоидоза…

 

3.) Контрола и терапија на болести на јајниците и матката

Тешко е да се добие некакво заболување на матката или јајниците ако нив ги нема. Раната стерилизација на мачките им помага во спречување на болести и состојби како: рак на матката, рак на јајници, полицистични јајници, метритис или ендометритис (сериозно воспаление на матката или ѕидот на матката), мукометра (матка полна со жлездена слуз), цистична ендометријална хиперплазија (големи цисти во ѕидот на матката кои водат кон пиометра), пиометра (инфекција на матката), ектопична бременост (надвор од матката), пролапс на матката (надвор од телото) и торзија на матката (извртување).

 

4.) Контрола и терапија на болести на тестисите

Кастрацијата го елиминира ризикот за развој на рак на тестисите. Кастрираните мажјаци престануваат да се тепаат со други мажјаци за женка и со тоа се намалува ризикот од сериозни повреди и инфекции како резултат на тепањето. Поради тоа што кастрираните мажјаци не се тепаат со други мачки се намалува и ризикот од заразување со FIV, FeLV и други болести.

 

5.) Бихејвиорални промени

Поради немањето на сексулани хормони и феромони, и женските и машките мачки нема повеќе да го имаат она специфично однесување пред парење со бегање од дома, гласно мјаукање и борби со други мачки. Поради ова тие ќе бидат помирни, без стрес и без никакви проблеми „дали ќе најдат партнер“.

Тука спаѓа и „маркирање на околината“ што особено е проблем кај мачките кои живеат половина дома-половина во двор па често се случува уринирање по мебелот со цел да ја обележат територијата со феромони кои потенцијалниот партнер треба да ги намириса и да дојде.

 

 

НЕДОСТАТОЦИ НА СТЕРИЛИЗАЦИЈА/КАСТРАЦИЈА

Единствениот недостаток на овие операции е тоа дека овие мачки стануваат склони кон депонирање на повеќе масти или дебелеење поради намаленото движење/трчање/тепање и зголеменото „уживање во животот“. Поради тоа е многу важно да обрнете внимание дали вашата мачка ќе го зголеми апетитот и доколку тоа се случи да и давате конкретни искалкулирани оброци за да имате увид колку изела. Препорачливо е откако ќе ја стерилизирате или кастрирате мачката да ја храните со храна која е специјално дизајнирана за тие мачки со цел да се спречи здебелувањето. Доколку сепак се здебели, ќе мора да биде на диета и да внесете повеќе физичка активност во нејзиниот/неговиот живот. Секоја мачка е индивидуална но не постои мачка која не сака да ја брка злобната црвена точка од ласерот ? Ова е еден начин да ја „трчате“ мачката од удобноста на вашата фотелја или кауч.

 

БИДЕТЕ ОДГОВОРНИ МАЧКОЉУПЦИ.
КАСТРИРАЈ/СТЕРИЛИЗИРАЈ!

 

 

ветеринаркастрацијамачкамачороперацијастерилизацијахирургија
0 comment
0
Facebook Twitter Google + Pinterest
Наташа Бојчева

previous post
Хрчаци
next post
Епилепсија кај кучиња и мачки

You may also like

Пубертет кај мачките

December 3, 2017

Ќе земеме маче!

October 6, 2017

Вирус на имунодефициенција кај мачки (FIV)

December 1, 2017

Придобивки од јадење тиква за кучињата и мачките

November 15, 2017

8 знаци дека треба да ја однесете мачката...

October 31, 2017

Епилепсија кај кучиња и мачки

November 28, 2017

Астма кај мачки

February 7, 2018

Леукемија кај мачки (FeLV)

October 10, 2017

Човечка храна – опасна за мачки

November 15, 2017

Интервју: Важноста на вдомувањето и животот со 3...

July 16, 2018

Leave a Comment Cancel Reply

За авторот

За авторот

„Ветеринарница“ е веб страница која нуди ветеринарни совети на едноставен и достапен начин. Автор на содржините е Наташа Бојчева, дипломиран ветеринар. Содржините на оваа веб страна не го заменуваат вистинскиот ветеринарен преглед и третман.

ВЕТЕРИНАРНИЦА ПРЕПОРАЧУВА


Ветеринарница

Follow us on twitter

Follow @veterinarnica
  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Pinterest
  • Tumblr
  • Youtube
  • Bloglovin
  • Snapchat

@2017 - PenciDesign. All Right Reserved. Designed and Developed by PenciDesign


Back To Top