Кучињата се природно љубопитни животинки и многу често ќе се најдат во „смешни“ ситуации и ќе им треба наша помош. Но, понекогаш постои и опасност да се биде премногу љубопитен ако се најдат премногу блиску до мравјалник, или решат дека е паметно да користат пчеларник како топка, или да се пикнат некаде каде што има бубачки кои можат да ги боцнат.

Угризи од болви

 

Воопшто не е ретко куче да биде боцнато или гризнато од бубачка, но реакцијата на телото на тој убод или угриз ќе варира од куче до куче, зависно од кучето а и од бубачката.

 

Најчесто, кучињата ќе искусат само блага неудобност на местото на убодот/угризот која ќе се повлече за неколку часа, но некои убоди и угризи можат да бидат многу опасни и да предизвикаат различни симптоми. Некои од овие симптоми можат да бидат јако изразени ако вашето куче е алергично на тој конкретен инсект.

Угриз од крлеж

 

Болвите и крлежите не бодат, тие гризат, но некогаш ензимите од нивната плунка може да има многу иритирачки ефект на кожата на вашето куче. Во ваква ситуација прво треба да се ослободите од болвите/крлежите, а потоа да се сконцентрирате на лечење на симптомите.

Оток на главата од убод од пчела/оса

Инфестација со болви може да предизвика голем број на здравствени проблеми, па затоа превентивното ставање на ампула или каивче против болви е најдобро за вашето куче.
Крлежите исто така го имаат потенцијалот во себе да носат многу болести кои лесно можат да му ги пренесат на вашето куче.

Убоди од пчели/оси

Угризи од пајак може да предизвикаат сериозна неудобност. Повеќето пајаци имаат мали заби и најчесто не можат да ја пробијат кожата на кучето, но постојат неколку типови на пајаци, на пример Црната Вдовица, кои вбризгуваат отров кога ќе ја гризнат кожата и така предизвикуваат многу болна реакција веднаш. Некои пајаци имаат многу силни ензими во нивната плунка и можат многу брзо да направат некроза на кожата и мускулот.
Доколку се сомневате дека вашето куче е каснато од пајак, ВЕДНАШ однесете го на ветеринар!

 

Симптоми на убоди и угризи:

  • оток на очните капаци на местото на убодот/угризот
  • оток на ушите на местото на убодот/угризот
  • оток на усните, или при страшна алергиска реакција оток на целата глава (наречено ангиоедема)
  • ако кучето ја лапнало бубачката и убодот е внатре во устата, отокот може да биде толку голем па да го отежни дишењето
  • осип, или наречено уртикарија, изгледа како мали црвени точки, најчесто многу чешаат и можат да резултираат со анафилактичен шок
  • „свирење“ и други потешкотии во дишењето
  • слабост и дезориентација
  • бавен или ослабнат пулс
  • губење свест
  • забрзано фрекфенција на срцето
  • премногу висока телесна температура
  • ладни екстремитети
  • тресење на телото
  • постојано повраќање или дијареа
  • инсектите кои цицаат крв (болви, крлежи, комарци) имаат ензими во нивната плунка кои на местото на угризот предизвикуваат оток кој се воспалува. Ова ќе изгледа како мали топчиња на кожата.
  • угризите од пајаци предизвикуваат поголеми топчиња на кожата поради отровот кој го вбризгуваат.

 

Доколку забележите било кој од овие симптоми, веднаш однесете го вашето куче на ветеринар!

Угриз од пајак

 

 

Убоди и угризи кои само благо ја иритираат кожата и немаат други пропратни симптоми може безбедно да се третираат дома. Но, ќе мора будно да го следите вашето куче неколку дена дали местото на убодот/угризот се влошува или не, и дали има појава на нови симптоми. Доколку забележите дека состојбата се влошува, однесете го кучето веднаш на ветеринар.
Доколку кучето постојано го лиже или гризе местото на убодот, набавете конус (Elizabethan collar) за да го спречите да направи рана и инфекција.

 

 

Неколку работи кои можете да ги направите дома за да ја намалите болката или чешањето од убодот/угризот:

  • паста од сода бикарбона и вода на местото на убодот ќе ја намали болката и чешањето
  • доколку пчела или оса го боцне вашето куче, погрижете се да го извадите осилото внимателно со прстен или пластична картичка. Ако пробате да го истиснете како мозолче може да се пикне повнатре. На местото на убодот можете да нанесете гел од алое вера кој ќе ја намали болката и иритацијата.
  • доколку има голем оток, можете да ставате ладни облоги по неколку минути. Немојте да ја оставате облогата предолго бидејќи ладното може да предизвика оштетување на кожата.


Сите овие домашни помагала не го заменуваат ветеринарниот преглед.
Доколку вашето куче се најде во ваква ситуација посета на ветеринар е од есенцијално значење!

 

Leave a Reply