Многу сопственици на кучиња не се свесни колку снегот и мразот им штетат на нивните крзнени миленици. Постои голема разлика помеѓу чистиот снег на планина и оној во град. Градскиот снег по улиците е полн со хемикалии и индустриска сол со цел да не замрзне и да го олесни неговото чистење од улиците. Овие хемикалии му штетат на вашето куче нанесувајќи му хемиски изгореници. Погрижете се вашето куче да не гази во нафрланиот снег на тротоарите и да му ги заштитувате шепите. Прочитајте повеќе на инфографикот.