Уште еден производ кој би можеле да го користите како додаток во исхрана за супер здрави и среќни кучиња е лененото семе. Многубројните потенцијални здравствени бенефити се должат на количеството на омега-3 есенцијални масни киселини (алфа-линоленска киселина), кои ги содржи леленото семе, омега-6 масните киселини, како и протеини, диететски влакна, лигнани и мангани.
Кучиња
Кучињата се природно љубопитни животинки и многу често ќе се најдат во „смешни“ ситуации и ќе им треба наша помош. Но, понекогаш постои и опасност да се биде премногу љубопитен ако се најдат премногу блиску до мравјалник, или решат дека е паметно да користат пчеларник како топка, или да се пикнат некаде каде што има бубачки кои можат да ги боцнат.

Угризи од болви
Воопшто не е ретко куче да биде боцнато или гризнато од бубачка, но реакцијата на телото на тој убод или угриз ќе варира од куче до куче, зависно од кучето а и од бубачката.
Најчесто, кучињата ќе искусат само блага неудобност на местото на убодот/угризот која ќе се повлече за неколку часа, но некои убоди и угризи можат да бидат многу опасни и да предизвикаат различни симптоми. Некои од овие симптоми можат да бидат јако изразени ако вашето куче е алергично на тој конкретен инсект.

Угриз од крлеж
Болвите и крлежите не бодат, тие гризат, но некогаш ензимите од нивната плунка може да има многу иритирачки ефект на кожата на вашето куче. Во ваква ситуација прво треба да се ослободите од болвите/крлежите, а потоа да се сконцентрирате на лечење на симптомите.

Оток на главата од убод од пчела/оса
Инфестација со болви може да предизвика голем број на здравствени проблеми, па затоа превентивното ставање на ампула или каивче против болви е најдобро за вашето куче.
Крлежите исто така го имаат потенцијалот во себе да носат многу болести кои лесно можат да му ги пренесат на вашето куче.

Убоди од пчели/оси
Угризи од пајак може да предизвикаат сериозна неудобност. Повеќето пајаци имаат мали заби и најчесто не можат да ја пробијат кожата на кучето, но постојат неколку типови на пајаци, на пример Црната Вдовица, кои вбризгуваат отров кога ќе ја гризнат кожата и така предизвикуваат многу болна реакција веднаш. Некои пајаци имаат многу силни ензими во нивната плунка и можат многу брзо да направат некроза на кожата и мускулот.
Доколку се сомневате дека вашето куче е каснато од пајак, ВЕДНАШ однесете го на ветеринар!
Симптоми на убоди и угризи:
- оток на очните капаци на местото на убодот/угризот
- оток на ушите на местото на убодот/угризот
- оток на усните, или при страшна алергиска реакција оток на целата глава (наречено ангиоедема)
- ако кучето ја лапнало бубачката и убодот е внатре во устата, отокот може да биде толку голем па да го отежни дишењето
- осип, или наречено уртикарија, изгледа како мали црвени точки, најчесто многу чешаат и можат да резултираат со анафилактичен шок
- „свирење“ и други потешкотии во дишењето
- слабост и дезориентација
- бавен или ослабнат пулс
- губење свест
- забрзано фрекфенција на срцето
- премногу висока телесна температура
- ладни екстремитети
- тресење на телото
- постојано повраќање или дијареа
- инсектите кои цицаат крв (болви, крлежи, комарци) имаат ензими во нивната плунка кои на местото на угризот предизвикуваат оток кој се воспалува. Ова ќе изгледа како мали топчиња на кожата.
- угризите од пајаци предизвикуваат поголеми топчиња на кожата поради отровот кој го вбризгуваат.
Доколку забележите било кој од овие симптоми, веднаш однесете го вашето куче на ветеринар!

Угриз од пајак
Убоди и угризи кои само благо ја иритираат кожата и немаат други пропратни симптоми може безбедно да се третираат дома. Но, ќе мора будно да го следите вашето куче неколку дена дали местото на убодот/угризот се влошува или не, и дали има појава на нови симптоми. Доколку забележите дека состојбата се влошува, однесете го кучето веднаш на ветеринар.
Доколку кучето постојано го лиже или гризе местото на убодот, набавете конус (Elizabethan collar) за да го спречите да направи рана и инфекција.
Неколку работи кои можете да ги направите дома за да ја намалите болката или чешањето од убодот/угризот:
- паста од сода бикарбона и вода на местото на убодот ќе ја намали болката и чешањето
- доколку пчела или оса го боцне вашето куче, погрижете се да го извадите осилото внимателно со прстен или пластична картичка. Ако пробате да го истиснете како мозолче може да се пикне повнатре. На местото на убодот можете да нанесете гел од алое вера кој ќе ја намали болката и иритацијата.
- доколку има голем оток, можете да ставате ладни облоги по неколку минути. Немојте да ја оставате облогата предолго бидејќи ладното може да предизвика оштетување на кожата.
Сите овие домашни помагала не го заменуваат ветеринарниот преглед.
Доколку вашето куче се најде во ваква ситуација посета на ветеринар е од есенцијално значење!
Доколку чувате домашно милениче, без разлика дали се работи за куче или мачка, од витално значење е да можете да ги препознаете предупредувачките знаци кои укажуваат на рак.
Ракот е една од главните причини за смртност кај домашните миленици, и неговата рана детекција и третирање е од круцијално значење ако сакаме позитивна завршница.
Доколку знаете како да ги препознаете овие предупредувачки знаци, ќе можете на време да го однесете вашето милениче на преглед кај вашиот ветеринар.
1. Неприродни отоци кои не се повлекуваат или постојано растат
Ракот се карактеризира со неконтролирано растење на клетките. Кога на некое место ќе има повеќе од доволно клетки (повеќе од еден милион), тогаш туморот станува доволно голем за да може да се види на дијагностички тестирања, со големина од околу 5 милиметри во дијаметар.
Отоци кои настануваат од физичка повреда, убод или угриз од инсект, или инфекција, обично се повлекуваат и намалуваат после неколку дена. Туморите имаат тенденција да растат постојано, со тоа што брзината на растење се намалува како што туморот станува поголем.
Доколку забележите топче, оток, или некаква неприродна маса на вашето куче или мачка, треба да го однесете на ветеринар за да се провери тој оток од каква природа е.
За овие потреби се прави биопсија, со која што се утврдува дали се работи за рак или нешто друго.
Формата, големината, изгледот и текстурата не можат да послужат за разликување на рак од други заболувања.
-
Рани кои не зараснуваат
Некои типови на рак на кожата можат визуелно да изгледаат како мали ранички. Разликата е тоа што ракот не зараснува за недела или две. Карциномот од сквамозни клетки на абдоминалната кожа кај бели кучиња е еден пример за рак кој изгледа како рана која не зараснува. Овој карцином кај мачките може да се забележи како рани и гребаници на носот и очните капаци кои не зараснуваат. Најчесто сопствениците мислат дека овие рани се само гребаници. Треба да се направи биопсија за да се одреди со сигурност дали се работи за рак.
-
Губење на тежина
Во овој случај зборуваме за необјасниво губење на тежина. Ова најчесто се случува кај постари кучиња и мачки кои одеднаш почнале да губат тежина додека храната ја конзумираат нормално како и секогаш. Понекогаш, ракот се манифестира со метаболички промени кај милениците, па така ракот троши многу енергија која резултира со намалување на телесната тежина.
-
Губење на апетитот
Кучињата и мачките кои имаат рак може да го изгубат апетитот поради повеќе причини. Понекогаш ракот може да предизвикува блокада во цревата, може да постои болка која е директно поврзана со ракот, но може да направи и промена во функцијата на црниот дроб и бубрезите. Губењето на апетитот може да доведе и до намалување на телесната тежина.
-
Крварење или исцедок од телесните отвори
Некои тумори се познати по тоа дека предизвикуваат крварење или појава на исцедок. Некои од примерите се крварење од нос или исцедок кај тумори кои се наоѓаат во носните патишта или синусите, како
што и крвав исцедок од уво може да биде знак за тумор длабоко во ушниот канал. Кучињата и мачките кои имаат колоректален тумор може понекогаш да крварат од анусот или да имаат крвав измет. Женските кучиња со тумори во матката (ако не се стерилизирани), уретра, мочниот меур, или вагината може да имаат симптоми како вагинален исцедок.
Некои сопственици забележуваат крвава плунка или крвави играчки кога се работи за тумори во устата. Доколку забележите било кој од овие знаци, веднаш однесете го миленичето кај вашиот ветеринар.
-
Лош мирис
Некои миленици кои имаат рак развиваат лош мирис. Ова најчесто е поради големи тумори кои имаат некротично (мртво) ткиво, или при тумори кај кои се развила секундарна бактериска инфекција. Ова најчесто може да се забележи кај кучиња и мачки со тумори на устата. Други видови тумори кои може да имаат специфичен лош мирис се тумори на вулвата или големи инфицирани саркоми.
На овој принцип на промена на мирисот, функционира и детекцијата на пациенти со тумори со кучиња душкачи.
-
Потешкотии во јадењето или голтањето
Многу видови на тумори им отежнуваат на кучињата и мачките да ја џвакаат и/или да ја голтаат храната. Туморите на устата може да ги разлабават забите или да ја зафатат и коската па така да предизвикаат болка. Системски тумори, како лимфоми, или тумори кои метастазирале во лимфните јазли на вратот (вклучувајќи ги и крајниците) може да предизвикаат потешкотии во голтањето. Ова понатаму ќе води до намалување на телесната тежина.
-
Неможност за физичка активност или губење на енергијата
Некои тумори ги зафаќаат белите дробови и со тоа го отежнуваат нормалното дишење кај кучињата и мачките. Иако може да дишат нормално додека одмораат, станува отежнато дишењето доколку треба да трчаат или да се искачуваат по скали. Сопствениците на кучиња може ова да го забележат како побавно одење на прошетките, одбивање на трчање по топче и слични намалувања во дневната активност. Карциномите кои предизвикуваат анемија ќе развијат слични клинички симптоми. Ова може да биде малку тешко да се забележи кај мачки.
-
Постојана летаргија или вкочанетост
Ова е уште еден симптом кој тешко се открива. Туморите често се јавуваат кај постари мачки и кучиња, во времето од нивните животи кога веќе имаат артритис и болки во скелетниот систем. Доколку имате постаро милениче со вакви симптоми, се препорачува да се направи рентген снимка на вкочанетиот зглоб за да се утврди дали се работи за артритис или рак на коската.
-
Отежнато дишење, уринирање или дефекација
Во оваа категорија е сместено се останато. Отежнато дишење може да се поврзе со тумори на носните патишта, фаринксот, ларинксот или белите дробови. Отежнато дишење може да биде и последица на анемија предизвикана од крварење на тумор на слезената. Отежнато уринирање може да укажува на тумори во мочниот меур или уретрата. Отежната дефекација може да биде знак за тумори во дебелото црево, но и тумори на простата кај машки кучиња, тумори на аналните жлезди и туморите кои ги вклучуваат лимфните јазли во пелвичната регија може да се манифестираат како отежната дефекација.
Многу од овие знаци можат да се појават и како симптоми на разни други болести. Поради тоа, доколку забележите некоја од овие промени кај вашето милениче, веднаш однесете го на преглед кај вашиот ветеринар.
Анксиозност кај кучињата е се почеста појава и многу сопственици на кучиња не ги препознаваат симптомите. Или мислат дека се работи за карактер на кучето (чивава е па затоа ги лае комшиите) или едноставно не ги забележуваат воопшто.
Анксиозноста кај кучињата може да се манифестира на многу различни начини и да биде предизвикана од голем број на ситуации. Може да биде екстремен страв од камиони за ѓубре, до непријатност околу мали деца. Секоја анксиозност си има причина зад себе. За да го разберете подобро своето куче и кои се неговите стравови, обратете внимание на ситуациите и местата кои го плашат.
Доколку се работи за екстремна анксиозност, посоветувајте се со вашиот ветеринар за можна помош со лекарства.
На инфографикот погледнете дел од симптомите и причините за анксиозност, и неколку совети како да му помогнете на вашето куче.
Проблеми со шепите кај кучињата – 10 ситуации на кои треба да обрнете внимание и како да се справите
Здравствената состојба на шепите на кучињата е нешто за кое треба постојано да сме во тек. Шепите се константно во контакт со подот и земјата, па затоа е особено важно да бидат целосно здрави. Шепите можат да ги изложат кучињата на инфекции ако имаат отворени рани или да бидат болни и да не можат да газат доколку има други проблеми.
Кучињата можат да имаат многу различни проблеми со шепите, од едноставни како премногу крзно до далеку покомплицирани како габични инфекции. Многу е важно да ги прегледувате шепите на вашето куче секој ден (заедно со нивните очи, уши и заби) па доколку се јави некаков проблем да го фатите на време.
- ГАБИЧНА ИНФЕКЦИЈА
Габичните инфекции се најчест тип на инфекции кај кучињата. Габите се постојано присутни на шепите на кучето, но понекогаш имуниот систем ќе биде компромитиран и ќе се наруши балансот па габите ќе се мултиплицираат доволно за да предизвикаат проблем. Овие инфекции се најчесто секундарни на алергии. Алергијата предизвикува чешање на шепите, што прави кучето да ги лиже шепите. Топлата, влажна средина која што ја прави лижењето овозможува габичките да се намножат и да предизвикаат габична инфекција.
СИМПТОМИ:
– постојано лижење
– црвени корени на ноктите
– розово крзно (реакција на плунката на кучето)
– чешање
– исцедок
ТЕРАПИЈА:
Постојат различни препарати за третирање на габични инфекции. Откако вашиот ветеринар ќе го прегледа целосно кучето и ќе утврди дека дефинитивно се работи за габична инфекција ќе ви препорача употреба на антигабични масти, антигабични шампони и слично.
Во прилог на третирање на габичната инфекција, ветеринарот ќе препорача терапија и за основната состојба која довела до избивање на инфекција. Доколку се работи за алергии, терапијата би се состоела од антихистаминици, кортикостероиди и лекови/масти против чешање.
- БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА
И бактериите се исто така нормален дел од микрофлората на шепите на вашето куче. Исто како и габите, бактериите можат да се претворат во бактериски инфекции поради секундарни здравствени проблеми како што се алергии.
СИМПТОМИ:
– постојано лижење
– црвенило
– оток
– чешање
– болка
– абсцеси
ТЕРАПИЈА:
Мал примерок од ткиво би бил потребен за да може дефинитивно да се утврди за која бактерија се работи. По добиената дијагноза, вашиот ветеринар ќе ви препише некоја од следниве терапии:
– орални или топикални антибиотици
– антибактериски шампон
– антибактериски преврски
- ОТКОРНАТИ НОКТИ
Откорнати нокти е еден од најчестите проблеми со шепите кај кучињата. Откорнати нокти се резултат на играње или борење со други кучиња, или закачување на ноктот на тепих, ограда или слично. Најдобар начин за превенција е да се одржуваат ноктите исечени на соодветна должина.
Доколку се случи вашето куче да си откорне нокт, веднаш однесете го на ветеринар. Ветеринарот ќе го исече ноктот соодветно, ќе го запре крварењето доколку го има и ќе ви препише антибиотици за да се спречи инфекција. Доколку е потребно, ветеринарот ќе ви препише и лекови против болка.
- СРАСНАТИ НОКТИ
Слично како кај откорнатите нокти, сраснатите нокти се предизвикани од преголемата должина на ноктите. Ова се случува кога ноктите стануваат предолги и се виткаат околу себе и почнуваат да се вкопуваат во перничето под ноктот.
ТЕРАПИЈА:
Терапијата за сраснати нокти се состои од неколку чекори:
– седација
– сечење на ноктот најкратко што може
– доколку е премногу сраснат со перничето од шепата, може да е потребно хируршко отстранување
– антибиотици и аналгетици
- ИЗГОРЕНИЦИ
Верувале или не, најголемиот број на изгореници на шепите на кучињата се случуваат додека кучето го прави тоа што најмногу го сака – шетање. Летното Сонце на асфалт може да предизвика екстремно врела површина. Повеќето сопственици на кучиња не размислуваат за температурата на асфалтот кога ги шетаат своите кучиња во лето. За да се спречат изгореници на шепите, ограничете го шетањето рано наутро или доцна навечер, секогаш под сенка и избегнувајте асфалт. Доколку забележите изгореници на шепите на вашето куче, најчестата терапија е антибиотик, аналегтик и превивање на изгорениот дел.
- СМРЗНАТИНИ
Смрзнатина е всушност изгореница предзвикана од ладно. Исто како и изгорениците, смрзнатините настануваат додека ги шетаме кучињата кога е преладно или земјата е замрзната. Најдобар начин да се спречат смрзнатини е да се ограничи времето поминато надвор на екстремно ниски температури. Доколку кучето дозволува, облекување на чизмички. Ако кучето се здобие со смрзнатини на шепите, терапијата се состои од превивање на шепите, аналгетици и антибиотици.
- КРЛЕЖИ
Друг чест проблем кај шепите на кучињата се крлежите. Крлежите ја обожуваат темната, топла средина помеѓу прстите на кучињата. Доколку забележите крлеж кај вашето куче и не сте сигурни како безбедно да го извадите, однесете го кучето на ветеринар. Секогаш е подобро обучени професионалци да го извадат крлежот, бидејќи ако главата од крлежот остане внатре може да доведе до инфекција.
За да спречите ваква ситуација, секога редовно заштитувајте го вашето куче од надворешни паразити.
- ГРИНИ
Грините се грозен проблем за шепите на кучињата, особено ако се работи за Demodex canis. Овие грини се голем проблем бидејќи е многу тешко да се ослободиме од нив. Тие живеат во фоликулот на влакното, каде што се размножуваат и ги предизвикуваат сите проблеми.
СИМПТОМИ:
– оток
– паѓање на крзното
– перутање
– болка
ТЕРАПИЈА:
Дури и самата дијагностика на овие грини е болна, бидејќи е потребно да се земе длабок огребок од пределот помеѓу прстите за да може да се погледне под микроскоп и да се потврди присуството на грини. Доколку се потврди дијагнозата дека се работи за демодикоза, терапијата генерално се состои од комбинација на:
– апчиња за намалување на отокот и болката
– медицински шампон за да се уништат грините
Терапирањето може да трае и неколку месеци.
- ПРЕМНОГУ ВЛАКНЕСТИ ШЕПИ
Доколку шепите на вашето куче имаат премногу крзно тие стануваат магнет за ѓубре. Премногу крзно помеѓу прстите може да собере се од мастики, свеж асфалт и многу други работи кои ќе се впикаат помеѓу прстите. Овие ѓубренца можат да бидат тешки за детектирање и болни за вадење.
Кај кучињата со кратко крзно, премногу крзно помеѓу прстите може да доведе до сраснати влакна што може да се претвори во инфекција на фоликулот на влакното, што потоа може да води до абсцес.
Најдобар начин да се спречи ова е да се одржува крзното на шепите кратко.
- ТРЕВКИ И ДРВЦА ПОМЕЃУ ПРСТИТЕ
Ова е еден од најболните проблеми со шепите кај кучињата. Доколку го шетате вашето куче по паркови, високи треви, шуми и слично, погрижете се после секое шетање да му ги прегледате сите шепи помеѓу прстите за присуство на забодени тревки или дрвца. Доколку вакви тревки се забодат помеѓу прстите, тие прават канал и одат само напред, не можат да се вратат назад.
СИМПТОМИ:
– постојано лижење
– црвенило
– оток
– болка
– кривење или штедење на таа нога
– абсцес
ТЕРАПИЈА:
Доколку забележите некој од горенаведените симптоми, однесете го кучето на ветеринар. Овие тревки се тешки за вадење и понекогаш ќе треба прво да се препише антибиотска терапија за да се ограничи инфекцијата во шепата, а потоа со седација да се извади тревката/дрвцето.
Многу сопственици на кучиња денес се повеќе и повеќе размислуваат да им готват на своите крзнени членови од семејството како алтернатива на комерцијалната храна полна со адитиви и бои. Многу е важно да се знае дека секогаш кога на милениците им даваме домашно приготвена храна таа мора да е убаво и темелно измиена (овошје и зеленчук) за да се ослободиме од паразити и добро зготвена (месо) за да се ослободиме од микроорганизми кои можат да му наштетат на миленикот.
Домашното спремање на оброкот за куче не е така едноставен предизвик затоа што ќе мора да се погрижите да ги содржи сите потребни нутритиенти во соодветниот сооднос. На инфографикот подолу можете да ја погледнете основата на секој оброк и на што треба да обрнете внимание 🙂
Смирено и без паника помогнете му на вашето милениче 🙂
Закон за благосостојба на животните
(кликнете ⇑ за да го прочитате законот)
Закон за благосостојба на животните во Република Македонија постои.
НО, не се применува целосно.
Наша задача е да бараме од властите, локалната самоуправа и сите одговорни сектори да почнат да го применуваат законот, да почнат да ги применуваат казните пропишани со овој закон и да го надополнат во деловите каде што е потребно. На оваа држава очајно и треба Полиција за животни.
Труењето на уличните кучиња и мачки поради изолирани инциденти мора да престане.
Доколку познавате новинари во телевизии, замолете ги да известуваат за ситуацијата.
Доколку познавате правници и адвокати, замолете ги да размислат како да се спреведе ова до Собрание.
Доколку познавате или видите некој кој остава отров (или се пофали на социјални мрежи дека тоа го сторил) веднаш пријавете го во полиција. Кога тогаш полицијата ќе мора да реагира.