Ќе земеме маче!

ЌЕ ЗЕМЕМЕ МАЧЕ!

Сите велат дека мачките се многу поедноставни за чување од кучињата бидејќи не треба да ги шетаме надвор неколку пати на ден и бидејќи биле самостојни и „сами се чуваат“.
Можеби овие работи се точни но ако сакате да бидеме вистински мачкољупци и мачката која ќе ја земете да живее со вас да биде среќна и здрава треба да обрнете внимание на неколку работи.

Кои се есенцијалните работи кои и требаат на една мачка?

1. Храна
(додека е мачето мало хранете го со јуниор храна од брендот кој ќе го изберете. Обично оваа јуниор храна ги задоволува нивните потреби до кај 10-12 месеци старост. После тоа префрлете го мачето на храна за возрасни. Обрнете внимание на навиките за јадење на вашето маче. Ако го забележите дека се прејадува не му ја оставајте храната цело време достапна. Давајте му конкретни оброци во одредено време од денот. Дебелината кај мачките е сериозен проблем кој води до болести.)

2. Вода
(водата треба да биде свежа и секогаш достапна.)

3. Играчки
( мачките сакаат ситни, ѕвонливи, светкави играчки. Обожаваат и ласери, само внимавајте да не им светите во очи)

 

4. Место за острење нокти
(доколку не сакате острењето на ноктите да биде на вашиот кауч, препорачливо е да и купите или направите на вашата мачка простор за гребење. Сечење на ноктите на 2-4 недели е исто така опција, но внимавајте, доколку не сте сигурни дека знаете како треба, обратете се кај вашиот ветеринар)

5. Песок
(Мачките кои живеат во стан или генерално не излегуваат од дома веднаш знаат инстинктивно дека треба физиолошките потреби да ги вршат во песок. Само ставете го мачето во легенот со песок и веднаш ќе знае што треба да прави ? )6. ВАКЦИНИ
(без разлика дали планирате вашата мачка да излегува од дома, многу е важно да се вакцинира. Иако нема да има контакт со други мачки, вие излегувате надвор, поминувате на места каде што живеаат улични инфективни мачки и на вашите чевли го внесувате инфектот дома.
Мачките примаат 2 почетни вакцини за разлика од кучињата и овие вакцини се примаат на 30 дена една од друга. Вакцината заштитува од мачја леукемија FеLV, мачји херпес вирус FHV и мачји калицивирус FCV.
Повеќе за овие болести и како тие се манифестираат во следниот пост.)

 

 

7. Прочистување од внатрешни паразити
( без разлика од каде е земено мачето, дали од одгледувач или од улица, иницијално и редовно прочистување од глисти е обавезно!
Повеќе за внатрешните и надворешните паразити кај мачките и кучињата може да прочитате во секцијата Паразити. )

8. Заштита од надворешни паразити
( зависно од тоа дали излегува или не во двор ќе ја одберете јачината на средството за заштита од надворешни паразити. Консултирајте се со вашиот ветеринар за сите опции.)

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *