Headlines

Пубертет кај кучињата – целосен водич за промени и грижа

Пубертет кај кучињата

Од мало кученце до тинејџер: зошто се случуваат наглите промени во пубертет?

Во еден момент се прекрасни мали крзнени топки кои конечно сме ги научиле неколку трикови и како да не слушаат, а веќе следниот ден наеднаш почнуваат да се однесуваат како тинејџери. Причината е едноставна — откако ќе наполнат околу 6 месеци, кучињата почнуваат да минуваат низ пубертет.

Овој процес носи хормонални промени и промени во расположението кои изгледаат многу слично на човечкиот адолесцентен период.

Може да се манифестира како вишок на енергија и трчање без престан низ домот, но може да се манифестира и со повлеченост или срамежливост. Промените во расположението и однесувањето може да траат и до една година — се додека кучето целосно не созрее сексуално. Однесувањето во пубертет повеќе зависи од индивидуалното куче отколку од расата.


Физички промени кај адолесцентни кучиња

Кога започнува сексуалната зрелост?

Сексуалната зрелост кај кучињата најчесто се јавува на возраст од 6–9 месеци, а кај некои големи раси и малку подоцна. Почетокот на пубертет обично е најлесно препознатлив кај машките кучиња.

Маркирање и качување кај мажјаците

Машките кучиња во пубертет ќе започнат да „маркираат“ со уринирање на секој чекор и ќе почнат да се качуваат на други кучиња, по нозете на луѓе, па дури и на мебел.
Не е неверојатно да забележите вир од урина иако кучето веќе било научено да не врши нужда дома.

Женките ја користат урината за привлекување мажјаци, а мажјаците за обележување територија. За време на адолесцентниот период вакви тенденции може да останат дури и по хируршка кастрација ако се зацврстат во текот на пубертет.

Гризење и менување заби во пубертет

Потребата за гризење се јавува исто така за време на преминот од кученце во тинејџер. Понекогаш ова е првиот знак дека вашето куче ги менува млечните заби за трајни.

Доколку не сте конзистентни со воспитувањето може да се изненадите еден ден кога ќе видите дека фали дел од каучот. Менувањето заби е иритантен процес и кучето гризе за да го намали притисокот во непцата. Погрижете се за соодветни играчки за гризење.

Интензивно митарење и промена на крзно

За време на пубертет, кучето ќе почне поинтензивно да се митари додека го заменува своето „бебешко“ крзно со возрасно. Бидете подготвени на секојдневно чешлање кај кучиња со подолго влакно и почеста употреба на правосмукалка.

Брз раст и некоординација во пубертет

Во ова време кучето расте интензивно и може да се појави фаза на некоординација на сопствените нозе — нормална појава додека телото се усогласува со новиот раст.


Еструс (менструален циклус) кај женките во пубертет

Нестерилизирана женка ќе го добие својот прв еструс (менструален циклус) на возраст околу 8 месеци. Ова е директно поврзано со влегувањето во пубертет. Кучињата се диестрични: добиваат еструс два пати годишно. Малите раси може и три, а огромните раси на секои 12–18 месеци.

На почетокот циклусите може да бидат нерегуларни, и потребни се околу две години за стабилизирање.

Циклусот вклучува неколку фази:

1) Проеструс

Трае околу 9 дена (понекогаш 3–17). Може да се јави:

  • зголемен апетит

  • поголема толеранција кон мажјаци

  • крвав исцедок

  • отекување на вулвата

  • агресија кон мажјаци

Зголемениот естроген предизвикува сите овие промени.

2) Еструс

Трае околу 9 дена (може и 3–18). Женката прифаќа мажјак, држи опашка настрана и овулацијата се случува 24–72 часа по LH пикот. Исцедокот станува посветол и вулвата се намалува.

3) Метеструс (дел 1)

Трае 4–6 дена. Ова е фаза на формирање на жолтото тело.

4) Диеструс

Трае околу 60 дена. Цитологијата покажува мал број клетки и повеќе дебрис. Жолтото тело е функционално слично и кај бремени и кај небремени кучки.

5) Анеструс

Период без репродукција, трае 60–200 дена. Матката се регенерира, а активност на јајниците нема сè до крајот на фазата.

Мажјаците и плодноста

Мажјаците не искусуваат циклус, сексуално активни се во текот на целата година, но најплодни по 12–15 месеци.


Физичка активност и однесување во пубертет

Кучињата во пубертет имаат потреба од многу физичка активност: трчање, играње, играчки и социјализација со други кучиња. Ако не можете сами да ја истрошите енергијата, прошетки во парк со други млади кучиња се идеални.

Како да се поставите како сопственик?

Во оваа фаза многу е лесно да станете сопственик кој постојано му кажува „НЕ“ на кучето. Но тоа нема ефект ако не понудите алтернатива.

Пример:
Ако кучето ја гризе вашата патика — заменете ја со играчка. Само „не“ не значи ништо без насока. Така кучето учи што смее и што не смее.


Стерилизација, кастрација и здравствени придобивки

Доколку не сте подготвени за легло кученца и сакате да го заштитите вашето куче од несакани здравствени проблеми, како и да го подобрите карактерното однесување, прочитајте повеќе за стерилизација кај женките и кастрација кај мажјаците. Овие одлуки се важни особено додека кучето е во пубертет, кога хормоните силно влијаат.

Доколку сакате да се информирате повеќе околу стерилизација на вашиот миленик, прочитајте тука за кастрација кај мажјаците и стерилизација кај женките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *