Се прашувате која човечка храна е безбедна за мачки?
Мачките се пребирливи животни и ако не им се допаѓа нешто, нема да го јадат. Чувствителни се на мириси, па лесно ќе намирисаат ако има апче или додаток во храната.
За безбедност, секогаш отстранувајте ги семките и лушпите од овошјето, и осигурете се дека рибата и месото се добро зготвени и исчистени од коски за да избегнете инфекции.
Ако правите супа за вашата мачка, таа треба да биде без сол, зачини, и без кромид, лук или праз, кои се токсични.
Урдата е добар млечен производ за мачки, но треба да одберете несолена верзија, а сирење и кашкавал да давате во мали количини.
Овошјето и зеленчукот не се неопходен дел од исхраната на мачките, бидејќи тие се претежно месојадни животни, но тоа не значи дека не можете да им ги понудите.
Иако мачките генерално се поедноставни за чување од кучињата, често забораваме да ја збогатиме нивната исхрана. Мачките не доаѓаат до масата со молбени очиња, па затоа поретко размислуваме за разновидноста на нивната исхрана.
Секогаш е добро да ги проверите намирниците што им ги давате за да избегнете несакани реакции. Иако некои човечки производи може да бидат безбедни, други, како кромидот и чоколадото, може да бидат токсични. Затоа, хранете ја вашата мачка со храна која е безбедна за мачки и избегнувајте ризици.
Сакате да дознаете која храна е опасна за вашата мачка? Прочитајте тука.