Кога се работи за мачките и домашната храна знаеме дека се многу пребирливи. Има верување дека доколку мачката не сака да јаде нешто што ќе и понудиме таа чувствува дека тој продукт е расипан или нездрав па не треба ни ние да го јадеме 🙂
Мачките многу ретко би пробале алкохол или кафе од чаша на маса, но за секој случај мораме да внимаваме да не им бидат на дофат. Исто така мачките многу сакаат да буткаат чаши од маса па тргнете ги за да не направат дополнителна беља 😀
Генерално мачките не се фанови на овошје, но внимавајте на грозјето и сувото грозје.
Доколку им готвите домашни оброци, погрижете тие да немаат зачини, сол, кромид, лук и праз. Доколку им правите супа, таа да биде исто така без овие намирници, само чист зеленчук. За време на празници, внимавајте на чоколадите и бомбоните.
Мачките имаат токсична реакција на алкалоид наречен теобромин кој може да се најде во чоколадо, кафе, газирани кола пијалоци и акаи бобинки.