Човечка храна – здрава и безбедна за мачки

Се прашувате што од нашата храна е безбедно за нашите мачки? Мачките се многу пребирливи животни и најчесто ако нешто не им се допаѓа не можете со сила да ги натерате да јадат. Тие веднаш ќе намирисаат ако во храната им ставите некое апче или друг додаток и ќе јадат одоколу само за да го избегнат 🙂
Обрнете внимание да ги исчистите семките и лушпите од овошјето, рибата и месото секогаш да се убаво зготвени за да избегнеме бактериски, вирусни и паразитарни инфекции, и да бидат убаво исчистени од коски.
Доколку сакате да и направите супа на вашата мачка, таа супа треба да биде без сол и зачини и без кромид, лук или праз.
Урдата е млечен производ богат со калциум и пробиотици но за мачката ќе мора да одберете несолена верзија. Доколку давате кашкавал или сирење, тоа нека бидат многу мали количини бидејќи од нив нема несолена варијанта.
Бидејќи мачките генерално се поедноставни за чување од кучињата, најчесто и не ни текнува да ја збогатиме нивната исхрана со овошје и зеленчук. Тие обично не доаѓаат да не гледаат со молбени очиња на маса па цеосно забораваме на нив. Подолу можете да видите листа на продукти кои можете слободно и безбедно да ги давате на вашата мачка 🙂 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *