Вирусот на леукемија FeLV е еден од најчестите причинители на инфективни болести кај мачките.
Мачките кои се постојано инфицирани со FeLV служат како постојан извор на инфекција за други мачки.
Вирусот се расфрла преку плунката, секрет од нос, урина, фецес и млеко. Пренесување на вирусот од мачка-на-мачка може да се случи преку угризни рани, додека се лижат една со друга, и ретко преку користење на заеднички чинивчиња за храна и вода и песок за дефекација. Инфекцијата може да се пренесе и од инфицирана мајка на малите мачиња или пред да се родат додека се во матката или откако ќе се родат додека цицаат.
FeLV не преживува долго надвор од телото на мачката, обично неколку часа во нормални домашни услови.
Мачките кои се на поголем ризик од овој вирус се мачките кои се изложени на инфицирани мачки, дали преку продолжен близок контакт или преку угризни рани; потоа мачки кои живеат со инфицирани мачки или со мачки со непознат инфективен статус; мачки на кои им е дозволено да излегуваат надвор од домот без надзор па надвор да бидат гризнати од инфицирана мачка; мачиња кои се родени од инфицирана мајка.
Малите мачиња се поподложни на FeLV инфекции од возрасните мачки и затоа тие се секогаш на поголем ризик ако се изложени на вирусот. Но, како и да е, дури и здрави возрасни мачки можат да бидат инфицирани ако се изложени на вирусот доволно долго.
Симптоми кои вие ќе ги забележите:
FeLV го афектира телото на мачката на многу начини. Овој вирус е една од најчестите причини за појава на канцер кај мачките, разни крвни пореметувања и може да доведе до имунодефициенција која ќе ја направи мачката неспособна да се брани од други инфекции. Поради оваа, нормалните бактерии, вируси, габи и протозои кои нормално не предизвикуваат никакви симптоми кај мачките можат да предизвикаат сериозни заболувања кај оние инфицирани со FeLV.
За време на почетните фази на инфекцијата, вообичаено е мачките да немаат никакви знаци на болеста. По некое време (недели, месеци) здравјето на инфицираната мачка може значително да опадне и може да се случат дури и повторувачки циклуси на болеста.
Симптомите вклучуваат:
– намален апетит
– прогресивно губење на тежината
– лошо одржувано крзно
– зголемени лимфни јазли
– бледи непца
– воспелни непца (гингивитис) и уста (стоматитис)
– инфекции на кожата, мочниот меур и горниот респираторен систем
– постојана дијареа
– напади, промени во однесувањето и други невролошки пореметувања
– абортуси
– промени на очите
За дијагностика на овој вирус се користи брз тест, како тој за парвовирозата но овој пат со крв, кој дава резултати за неколку минути. Тестирање за FeLV може да се направи и во лабораторија но тоа е скап тест кој најчесто во Македонија не се прави. Вашиот ветеринар ќе ја постави дијагнозата базиран на општата состојба на мачката, симптомите, крвната слика и брзиот тест.
За терапија на оваа инфекција не постои конкретен дефинитивен лек. Се дава потпорна терапија која се состои од инфузија со електролити за да се надополнат изгубените течности со дијареата, витамини и минерали, антибиотици за борба со секундарни инфекции.
Доколку мачката се спаси од овој вирус, задолжително е да правите редовни прегледи. Да ја следите редовно тежината, состојбата на непцата и пожелно е правење на крвни слики на неколку месеци.
Постои вакцина за овој вирус кој ја заштитува вашата мачка. Сепак, без разлика дали сте ја вакцинирале мачката, треба да внимавате да нема директен контакт со инфицирани мачки или места на кои знаете дека живеат инфицирани мачки.
Mojata macka go imase ovoj virus, vo uzasna sostojba bese, ni jadese ni poese…mesec dena so infuzii ziveese, site veterinari kaj sto ja nosev mi predlozija da ja uspijam bidejki prognozata im bese deka nema da prezivee i nema lek, koska i koza stana, poslednata nedela ne mozese ni da stane, urinirase kade sto lezese, bukvalno gotova bese.No jas sekako ne sakav ni pod tocko razno da pomislam da i go odzemam zivotot. Pocnav da istrazuvam alternativni metodi, i naidov na poveke studii za uspesno izlekuvani od ovoj virus so aloe koncentrat. So ogromna brzina im gi regenerira site kletki i krvta. Kupiv, od nareden den pocna po 2-3 zalcinja da jade, za 3 dena stana na noze. Za kratko vreme se vrati na starata ubavica, ziveede uste 9 godini bez nikakvi problemi. Cuvam poveke zivotni, a nekoe nesto ne e ko sto treba, odma aloeto, i veruvale ili ne site se oporavuvaat.
Здраво Ангелина 🙂
Многу ми е мило дека си успеала да ја спасиш мачката 🙂
Ваквите болести се секогаш тешки за лечење и не секогаш зависи од ветеринарот туку и од самото животно и имуниот систем. Одлично што ти текнало да пробаш со алое и мило ми е дека успеало 🙂
Zdravo…
sakam da te prasam po kolku mililitri mu davase na maceto od Aloeto i kolku pati dnevno?
http://franklintnvet.com/aloe-vera-feline-leukemia-treatment/
http://www.felineleukemia.org/Aloeref.txt