Многумина од нас често се прашуваме дали нeкоја храна е безбедна да му ја дадеме на нашето куче за јадење. Готвиме, седи до нас и не гледа со тажни и молежливи очиња а ние се туфкаме и не знаеме дали смееме. Во овој пост ќе ја видиме храната која има 0 (нула) ризик за нашето куче. Имајте на ум дека никако не смее да се претерува со количината на било кој од овие продукти, дека секое месо или риба треба да биде целосно исчистено од коски за да го намалиме ризикот од повреди на желудникот и цревата, исчистено од масните делови (особено свинско и јагнешко) и дека не треба да употребуваме зачини. Не заборавајте дека овошјето и зеленчукот треба да ги исчистите од семки. Понудете му на кучето по малку, доколку нешто не му се допаѓа и одбива да го јаде не инсистирајте 🙂 Никогаш не претерувајте со количината, овие намирници треба да ја збогатат основната кучешка храна, а не да бидат основата.
Related Posts
Алергија кај кучињата
Исто како кај луѓето, кучињата покажуваат алергиски симптоми кога нивниот имун систем ги препознава секојдневните супстанци (алергени) како опасни. Иако овие алергени се нормално присутни во околината и безопасни за повеќето животни, куче со алергија би имало екстремно јака реакција на нив. Алергените можат да бидат проблематични кога се ихалирани, проголтани или кога ќе дојдат […]
Колку ладно е преладно за кучињата?
Се прашувате колку вашето куче може да издржи на студот? На инфографикот погледнете како издржуваат кучињата на дадена температура зависно од нивната раса и големина. И не се срамете да им облечете џемперче, сепак нивното здравје е поважно од тоа како ќе ве гледаат комшиите 🙂 КОЛКУ ЛАДНО Е ПРЕЛАДНО ЗА КУЧИЊАТА? by Natasha Boycheva
Вакцини
Пристигнавме дома со новото кутре ? Но, не смееме да не бидеме сериозни иако е преслатко и сакаме само да го галиме, гушкаме и гњавиме. Ние ветеринарите препорачуваме веднаш штом ќе го земете новото кутре да го однесете на еден ветеринарен преглед за да се провери дека се е во ред. На овој преглед ветеринарот […]