Многумина од нас често се прашуваме дали нeкоја храна е безбедна да му ја дадеме на нашето куче за јадење. Готвиме, седи до нас и не гледа со тажни и молежливи очиња а ние се туфкаме и не знаеме дали смееме. Во овој пост ќе ја видиме храната која има 0 (нула) ризик за нашето куче. Имајте на ум дека никако не смее да се претерува со количината на било кој од овие продукти, дека секое месо или риба треба да биде целосно исчистено од коски за да го намалиме ризикот од повреди на желудникот и цревата, исчистено од масните делови (особено свинско и јагнешко) и дека не треба да употребуваме зачини. Не заборавајте дека овошјето и зеленчукот треба да ги исчистите од семки. Понудете му на кучето по малку, доколку нешто не му се допаѓа и одбива да го јаде не инсистирајте 🙂 Никогаш не претерувајте со количината, овие намирници треба да ја збогатат основната кучешка храна, а не да бидат основата.
Related Posts
Човечка храна за кучиња – категорија: ГОЛЕМ ризик
Ова е категорија на продукти кои треба апсолутно да ги избегнувате. Повеќето продукти на оваа листа и не се дел од храната која своеволно би ја дале на куче (пример алкохол) но се ставени тука како продукти за кои треба екстремно да внимавате вашето куче само да не посегне по нив од маса додека не […]
Грижа за шепите во зима
Многу сопственици на кучиња не се свесни колку снегот и мразот им штетат на нивните крзнени миленици. Постои голема разлика помеѓу чистиот снег на планина и оној во град. Градскиот снег по улиците е полн со хемикалии и индустриска сол со цел да не замрзне и да го олесни неговото чистење од улиците. Овие хемикалии […]
Лајшманиоза (LSH)
Лајшманиоза е медицинскиот термин кој се користи за да се опише болна состојба која е предизвикана од страна на паразит од групата протозои наречен Лајшманија. Кај кучињата оваа состојба може да биде категоризирана во два типа на болест – кутана (кожна) форма и висцерална (на внатрешните органи) која е најтешката форма на лајшманиозата. Инфекцијата се […]