Оваа категорија носи умерен ризик затоа што треба многу да внимаваме кои од овие продукти ги даваме на нашето куче и секако да бидеме сигурни дека овошјето и зеленчукот ги даваме без семки.
Морам да нагласам дека цитрусните овошја како портокал и мандарина треба да се даваат во многу мали дози бидејќи цитрусната киселина може да го надразни желудникот на кучето и да доведе до повраќање.
Од категоријата на сувомеснати производи се наведени сланината и шунката, но најдобро е да ги избегнувате сите сувомеснати производи бидејќи во нив има многу конзерванси и сол и може да доведе до оштетување на бубрезите.
Најдобро е да избегнувате да давате сладолед бидејќи и да не е чоколаден во себе може да има трагови од чоколадо и бидејќи кучињата јадат алчно и може да добијат воспаление на грлото 🙂
Внимавајте доколку давате бадеми тие да не бидат солени.
Целосно избегнувајте давање на млеко затоа што откако ќе престанат да цицаат од мајката најголем процент од животните стануваат нетолерантни на лактоза па може да се јави дијареа при конзумација на млеко. Исто така, млекото е совршен медиум за раст и развој на внатрешни паразити па и заради тоа не го давајте.