Многумина од нас често се прашуваме дали нeкоја храна е безбедна да му ја дадеме на нашето куче за јадење. Готвиме, седи до нас и не гледа со тажни и молежливи очиња а ние се туфкаме и не знаеме дали смееме. Во овој пост ќе ја видиме храната која има 0 (нула) ризик за нашето куче. Имајте на ум дека никако не смее да се претерува со количината на било кој од овие продукти, дека секое месо или риба треба да биде целосно исчистено од коски за да го намалиме ризикот од повреди на желудникот и цревата, исчистено од масните делови (особено свинско и јагнешко) и дека не треба да употребуваме зачини. Не заборавајте дека овошјето и зеленчукот треба да ги исчистите од семки. Понудете му на кучето по малку, доколку нешто не му се допаѓа и одбива да го јаде не инсистирајте 🙂 Никогаш не претерувајте со количината, овие намирници треба да ја збогатат основната кучешка храна, а не да бидат основата.
Related Posts
Брахицефаличен синдром
Одредени раси на кучиња се подложни на отежнато, опструктивно дишење поради формата на нивната глава, муцка и грло. Од оваа состојба патат најчесто кучињата кои припаѓаат на групата „брахицефалични“ раси на кучиња. Терминот „БРАХИЦЕФАЛИЧНО“ означува „кратка глава“. Примери за брахицефалични кучиња се Англиски Булдог, Француски Булдог, Мопс, Пекинезер, Бостон Териер, Боксер, Ласа Апсо, Ши Цу, […]
Вакцини
Пристигнавме дома со новото кутре ? Но, не смееме да не бидеме сериозни иако е преслатко и сакаме само да го галиме, гушкаме и гњавиме. Ние ветеринарите препорачуваме веднаш штом ќе го земете новото кутре да го однесете на еден ветеринарен преглед за да се провери дека се е во ред. На овој преглед ветеринарот […]
Штенечак
Штенечак е многу заразна и сериозна болест која е предизвикана од вирус кој ги напаѓа респираторниот, гастроинтестиналниот и нервниот систем кај млади кученца и возрасни кучиња. Овој вирус ги напаѓа и дивите животни како волци, лисици, којоти, ракуни а во поново време е забележан и кај лавови и тигри. Кучињата најчесто се инфицираат аерогено преку […]