4 главни знаци дека треба да го однесете кучето на ветеринар

ГУБЕЊЕ НА АПЕТИТ

Повеќето кучиња ја обожаваат својата храна, па прескокнување на оброк треба да биде загрижувачки знак дека вашиот крзнен пријател не се чувствува добро. Некои раси на кучиња, како ловечките кучиња, се така дизајнирани да јадат многу наеднаш па да не јадат неколку дена. Доколку е кучето здраво, нема да му штети да прескокне оброк или два.

Но, нагло или постепено губење на апетитот укажува на здравствен проблем кој треба да го реши ветеринар. Одбивање да јаде (анорексија) може да биде особено опасно кај малите кутриња или минијатурните раси на кучиња, бидејќи предизвикува пад на шеќерот во крвта (хипогликемија).

 

 

Знаците кои треба да ги забележите кај болно куче со хипогликемија се:

– слабост и поспаност
– дезориентирано однесување (како пијано)
– нефокусирани „стаклени“ очи
– тресење, грчење или напади
– колабирање и онесвестување

 

 

 

 

ПОВРАЌАЊЕ

Повраќање е процесот на исфрлање преку устата дигестирана (сварена) храна или друга стомачна содржина. Ова е различно од процесот на регургитација на недигестирана (несварена) храна, што се случува скоро веднаш после јадење. Кучињата повраќаат многу полесно од другите животни. Понекогаш, кога желудникот им е „вознемирен“, кучињата имаат навика да јадат трева.

Нагла промена на храната (јадење на мрсна храна, јадење од корпата за ѓубре) може да предизвика повраќање. Понекогаш, кучињата стануваат толку многу емотивни дека нивниот сопственик го нема што повраќаат од вознемиреност. Иако не е нормално, повраќањето обично не е проблем ако се случи еднаш и вашето куче се однесува нормално после тоа.

Повраќањето не е дијагноза.
Повраќањето е знак за можен здравствен проблем како:

– вирусно заболување како парвовироза или штенечак
– токсични супстанци (чоколадо, отровни саксиски цвеќиња, човечки лекарства)
– голтање на предмети кои не се за јадење (парчиња од играчки, влечки, чевли, мебел)
– вродени проблеми (како мегаезофагус, би направило враќање на храната назад)

 

Непродуктивно повраќање (пробува да поврати но ништо не излегува), и/или крв во повратеното е итен случај што значи дека треба веднаш да го однесете кучето кај вашиот ветеринар.
Секогаш кога вашето куче ќе поврати 3 или 4 пати во ист ден, или два или повеќе дена по ред, треба да го посетите вашиот ветеринар.
Дури и ако се случува нерегуларно како неколку пати месечно, разговарајте со вашиот ветеринар за да ја откриете причината.

 

 

 

 

ДИЈАРЕА

Нормалниот измет кај кучињата има цврста форма и кафена боја. Дијареа – мека, течна, или пречесто одење надвор е нормално  кај кучињата и најчесто е резултат на давање премногу грицки или јадење несоодветна храна.

Но, дијареата е исто така симптом на болести како парвовироза или штенечак, кои вклучуваат и повраќање и покачена телесна температура.
Хронична дијареа може да посочи на цревни паразити, нетолеранција на храна или алергија, а дури и воспаление на цревата.

Некои дијареи се знак на живото загрозувачки состојби.
Ако вашето куче има било кој од следниве знаци, веднаш однесете го на ветеринар.

– црна боја и изглед како масло од кола (укажува на крварење во дигестивниот систем)
– ужасен мирис (укажува на распаѓање на ткиво, чест наод кај парвовироза)
– има големи количини на црвена крв
– ако дијареата е придружена со повраќање, огромна болка, зголемена телесна температура, губење на апетит или летаргија

 

 

 

 

ДЕХИДРАЦИЈА

Телото на вашето куче содржи 60% вода. Повраќање и/или дијареа води до губење на водата од телото кое резултира со дехидрација. Дури и губиток на 5% вода покажува симптоми на дехидрација. Малите кученца можат особено да патат од живото загрозувачка дехидрација која може да доведе до шок, колабирање и смрт.

Ако дијареата на вашето куче е многу честа и скоро целосно течна, особено кога е придружена со повраќање, одбивање храна, летаргија, слабост и губење на еластицитетот на кожата, однесете го веднаш на ветеринар.
Постојат неколку едноставни начини да го проверите нивото на хидрација на вашето куче.

1.) поткренете ја кожата на вратот на кучето и потоа пуштете ја за да видите колку брзо ќе се врати на своето место. Со нормална хидрација кожата веднаш се враќа на своето место. Колку е поголема дехидрацијата, толку помалку еластицитет има кожата. Со мала дехидрација кожата ќе се враќа на место полека, но со екстремна дехидрација кожата ќе остане истегната и нема да се врати на своето место. Овие кучиња имаат потреба од итна ветеринарна нега.

2.) CRT е медицинскиот назив кој се користи за времето потребно за полнење на капиларите и се користи како начин за проверка и мерење на степенот на дехидрација кај животните. Овие мали капилари се наоѓаат во близина на површината на кожата и најлесно можат да се забележат на непцата над/под забите на вашето куче. Непцата треба да имаат нормална розова боја. За овој тест, треба да го притиснете непцето со прст. Ова за кратко го забавува дотокот на крв на тоа место и непцето станува бело или бледо розово. Кога ќе го тргнете прстот и притисокот од непцето, крвта се враќа назад во ткивото и ја добива својата нормална боја. Кај здрави кучиња, времето потребно за да се врати нормалната розова боја е 2 секунди. Доколку е потребно 3-4 или повеќе секунди за да се врати бојата вашето куче е дехидрирано и треба веднаш да го однесете на ветеринар.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *