Многумина од нас често се прашуваме дали нeкоја храна е безбедна да му ја дадеме на нашето куче за јадење. Готвиме, седи до нас и не гледа со тажни и молежливи очиња а ние се туфкаме и не знаеме дали смееме. Во овој пост ќе ја видиме храната која има 0 (нула) ризик за нашето куче. Имајте на ум дека никако не смее да се претерува со количината на било кој од овие продукти, дека секое месо или риба треба да биде целосно исчистено од коски за да го намалиме ризикот од повреди на желудникот и цревата, исчистено од масните делови (особено свинско и јагнешко) и дека не треба да употребуваме зачини. Не заборавајте дека овошјето и зеленчукот треба да ги исчистите од семки. Понудете му на кучето по малку, доколку нешто не му се допаѓа и одбива да го јаде не инсистирајте 🙂 Никогаш не претерувајте со количината, овие намирници треба да ја збогатат основната кучешка храна, а не да бидат основата.
Related Posts
Придобивки од јадење тиква за кучињата и мачките
Ноември, лисјата паѓаат и градот е во сите бои на есента. Се сладиме со топли костени и печена тиква. До нас е нашиот крзнен љубимец и не гледа со своите молежливи очиња. Се прашуваме дали смееме да му удоволиме и да му дадеме од нашите есенски богатства. ДА! Тиквата е одлична храна за кучиња и […]
Како да го подобрите имунитетот на вашето куче?
Исто како и ние, нашите кучиња се постојано изложени на бактерии, паразити и вируси кои можат да предизвикаат здравствени проблеми. Нивниот имун систем игра голема улога во одржувањето на здравјето на кучето. Добар имунитет ќе му помогне на кучето да се бори со инфекции, воспаленија и да го намали ризикот од здравствени состојби како дијабетес, […]
Колку ладно е преладно за кучињата?
Се прашувате колку вашето куче може да издржи на студот? На инфографикот погледнете како издржуваат кучињата на дадена температура зависно од нивната раса и големина. И не се срамете да им облечете џемперче, сепак нивното здравје е поважно од тоа како ќе ве гледаат комшиите 🙂 КОЛКУ ЛАДНО Е ПРЕЛАДНО ЗА КУЧИЊАТА? by Natasha Boycheva