Како да го подобрите имунитетот на вашето куче?

Исто како и ние, нашите кучиња се постојано изложени на бактерии, паразити и вируси кои можат да предизвикаат здравствени проблеми. Нивниот имун систем игра голема улога во одржувањето на здравјето на кучето. Добар имунитет ќе му помогне на кучето да се бори со инфекции, воспаленија и да го намали ризикот од здравствени состојби како дијабетес, остеоартритис, срцеви болести и рак.

Подобрете го имунитетот на вашето куче со следниве неколку совети:

 

  1. Одржувајте го кучето чисто!

Добрата хигиена и редовно чешлање имаат огромни бенефити во борбата против болести и инфекции. Ова вклучува редовно бањање (но не пречесто), редовно четкање (зависно од расата и крзното од еднаш дневно до еднаш неделно) и грижење да немаат засукани парчиња крзно. Ова е многу важно бидејќи во тоа засукано крзно можат да живеат многу мали бубачиња и бактерии, а тоа не го сакаме за нашиот љубимец.

 

  1. Одржувајте ги предметите на вашето куче чисти!

Сите предмети со кои вашето куче доаѓа во контакт треба да бидат чисти. Ова го вклучува креветчето на кое спие, чиниите за храна и вода, играчките и доколку има опрема за тренинг и вежбање. Редовно мијте ги со топла вода и сушете ги темелно пред да го пуштите вашето куче назад на нив. Ова ќе спречи инфестација со паразити и бактерии на предметите на вашето куче.

 

  1. Одржувајте ја околината на кучето чиста!

Доколку живеете во куќа, осигурајте се дека просторот од дворот кој вашето куче го користи е чист. Секогаш собирајте го неговиот измет и косете ја тревата редовно. Ова ќе ви помогне и да забележите потенцијални ризици во дворот како мртви животни кои се секогаш полни со инфективен материјал. Исто така, доколку во дворот имате вирчиња со вода, погрижете се да ги растргате бидејќи вакви води се совршени за развој на бактерии и насобирање на комарци. Избегнувајте хербициди и пестициди во дворот кои можат да го повредат вашето куче. Консултирајте се со ветеринар каков производ да користите за чистење на дворот кој во исто време и ќе ја заврши работата и ќе биде пријателски настроен према животните.

 

 

 

  1. Оптимална исхрана!

Здрава балансирана исхрана со високо квалитетна храна е најдобар начин да го подобрите и одржувате имунитетот на вашето куче. Во комбинација со сувата храна која ја давате, искомбинирајте храни кои се богати со антиоксиданти како свежи бобинки, моркови, сладок компир, брокули и други зелени зеленчуци. Пробајте од секое по малку за да видите кој зеленчук или овошје му се допаѓа на вашето куче. Потоа додавајте по малку во секој оброк. Рибино масло е исто така добро за вашето куче. Помага во намалување на воспаленијата и го регулира имунитетот. Можете да користите додатоци со рибино масло но секогаш е најдобро да го давате во природна форма како лосос и сардини (проверете да нема коски!). Масло од ленено семе е исто така многу корисно. Додавајте по малку во храната на кучето неколку пати неделно ако можете.

Здравјето на цревата е многу важен фактор во целокупниот имунитет на кучето. Можете да давате додаток во исхраната со пробиотска активност направен специјално за кучиња. Комерцијалната сува храна за кучиња може да биде полна со нуспроизводи со лош квалитет како пченка, соја или пченица. Секогаш проверувајте каква сува храна му давате на вашето куче и дали е таа храна квалитетна. Сакајќи да заштедите на храната, таа заштеда еден ден ќе ја дадете во ветеринарна амбуланта бидејќи лошо избалансирана храна го пореметува имуниот систем.
Доколку не сте сигурни какви додатоци да му дадете на вашето куче консултирајте се со вашиот ветеринар.

 

  1. Секогаш да има чиста свежа вода за пиење!

Погрижете се вашето куче секогаш да има вода во својата чинија. Доколку живеете во област каде водата од чешма не се пие, давајте му филтрирана вода. Погрижете се кога шетате во парк секогаш да носите шишенце со вода за вашето куче бидејќи од трчање и возбуда може да дехидрира.

 

  1. Редовна физичка активност!

Вежбањето е одличен начин да го појачате имунитетот на вашето куче. Физичката активност помага во намалување на воспаленијата и на вишокот масно ткиво. Вишокот масно ткиво може да предизвика пореметување на имунитетот. Добра комбинација на физичка и ментална активност ќе помогнат да го одржувате вашето куче фит и здраво. Консултирајте се со вашиот ветеринар ако сметате дека вашето куче има вишок килограми. Доколку треба, направете режим на исхрана и вежбање. Вишокот килограми кај кучињата можат да водат до многу болести и болни состојби.

 

 

 

  1. Погрижете се кучето да нема стресови!

Стресот има ефект на имуниот систем кај кучињата исто како што има и кај нас. Постојат неколку работи кои можете да ги направите за да го намалите стресот кај вашето куче. Погрижете се да има редовна дневна рутина за оброци и физичка активност, не претерувајте со тренинзи и потрудете се да избегнувате негативни средби со други кучиња или луѓе. Посматрајте го вашето куче за знаци на анксиозност при разделби и доколку ги има потрудете се да ги намалите. Давајте му на кучето многу опции за игра и одржувајте го физички и ментално стимулирано.

 

  1. Избегнувајте користење на премногу лекови!

Исто како нас, кучињата можат да станат зависни од лекови. Антибиотиците од друга страна можат да го намалат имунитетот и неговата способност да го заштити вашето куче. Не давајте на своја рака човечки лекови и секогаш консултирајте се со вашиот ветеринар на тема лекарства.

 

 

 

 

  1. Редовни ветеринарни контроли!

Не чекајте вашето куче да се разболи за да го однесете на ветеринар. Правете редовни превентивни контроли и редовни вакцинирања. Додека е кучето мало, треба да одите на секои 3 недели за да ги прими првите вакцини. Потоа вашиот ветеринар ќе договори кога да одите за вакцина за беснило. Откако ќе наполни 1 година па се до 7 години одете на ветеринарен преглед барем еднаш годишно (годишни ревакцинации) на преглед без разлика дали има некаков проблем. За постари кучиња над 7-10 години се препорачува контрола барем два пати годишно.

 

 

 

  1. Масажа!

Масажата е добар начин да го појачате имунитетот кај вашето куче. Ги стимулира мукулите и ткивата, ја подобрува циркулацијата и дигестијата, ја потикнува елиминацијата на токсините. Исто така помага за вашето куче да се релаксира што помага во намалување на стресот. Како бонус, ја подобрува врската меѓу вас ?

 

И многу љубов! Сакано куче е среќно куче! ♥

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *