Ќе земеме куче!

„ЌЕ ЗЕМЕМЕ КУЧЕ!“

Реченицата која целосно ќе ви го промени животот ?

Ок, решивте дека ќе земете куче. Ајде да видиме што се треба да знаете пред да го донесете дома….

За почеток би посоветувала да се решите за која раса на куче сакате и темелно да истражите се што е напишано за таа раса. Имајте предвид дека кучето кое ќе го земете да живее со вас во наредните 10-15 години треба да биде прилагодено на вашиот животен стил и енергија. Согласно вашиот стил треба да ја одберете расата.
Ок, знам дека од дете ви била омилена раса Хаска но, дали имате услови за хаска? Или за Џек Расел териер? Можеби Питбул?
Секоја чистокрвна раса на кучиња си има свои карактеристики кои треба да ги земете предвид. Дали е тоа раса на териери кои секогаш ќе сакаат нешто да бркаат и ќе имаат тон енергија, њушкачи кои кога ќе се фокусираат мирисот на „пленот“ не можете со ништо да ги вратите, или е раса на овчарски кучиња кои ќе сакаат „стадо“ за кое ќе бидат одговорни, или пак couch potatoes кои нема да сакаат да прават ништо друго освен да спијат во вашиот скут.

Истото важи и доколку вдомувате куче од улица, шелтер или преку здружение за спасување на животни. Замолете ги да ви кажат нешто повеќе за каратерот на кутрето за да можете да го одберете вистинското. Кај мешанчињата е малку лотарија за прашањето „колкаво ќе порасне“, па затоа има еден трик со кој може да се послужите. Видете ја големината на шепите. Додека е малечко, колку поголеми шепи има толку поголем раст ќе биде кога ќе биде возрасно.

Ок, одбравте потенцијална раса, сега да прочитаме се за неа. Интернетот е полн со страници за кучиња и како да се справуваме со нив, но јас ја препорачувам веб страната DOG TIME бидејќи е прилично темелна во опишување на расите.
Без разочарување доколку омилената раса не се поклопува со вашите услови. Најважно е да одберете куче кое ќе биде среќно со вас и секако вие ќе бидете среќни со него.

Откако ќе ја одберете расата бидете сигурни дека кучето го земате од ценета одгледувачница. Доколку има педигре, не заборавајте и инсистирајте сите документи да ви бидат дадени во моментот на земање на кучето. Би се изненадиле колку луѓе биле измамени од документите за педигре. Доколку не знаете одгледувач на одбраната раса, обратете се кај најблискиот ветеринар. Ветеринарите секогаш имаат информации за одгледувачници и тазе легла ?

Понатаму, многу е важно да направите листа на есенцијални нешта кои треба да ги набавите пред да го донесете кучето дома. Еве неколку од основните:

1. Спремање на домот за куче – Puppy proffing
(Ова е многу важно да го направите пред да го донесете кутрето дома. Под спремање на домот за куче се подразбира следново: каде кучето ќе спие навечер и дали таа просторија е безбедна, прибирање на сите кабли за да не бидат изгризани, покривање на сите штекери во случај да сака да ги лиже, прибирање на сите предмети кои би можеле да бидат изгризани или измочани. Генерално, се што би направиле кога бебе би почнало да лази или оди 🙂 се што сметате дека е на дофат ставете го на високо и безбедно место.)

 

2. Чинивче за храна и вода
( Може да бидат сет но може да бидат и посебно. Имајте на ум дека треба да бидат изработени од материјали кои не се токсични и се лесни за миење. Доколку имате информација дека вашето ново кутре има потенцијал да јаде многу брзо набавете му чинивче кое е како лавиринт и низ кое ќе мора да ја брка храната а со тоа и да јаде побавно.)

3. Каивче и поводник
( Додека кутрето расте и се развива избегнувајте каиши кои се местат на торзото. Овие каиши можат да попречат во правилниот развој на телото. Исто така, информирајте се дали вашето кутре воопшто смее и како ворасно да носи такви каиши.)

4. Соодветна храна
( Информирајте се со каква храна било хрането кутрето кај одгледувачот. Земете за почеток таква и доколку сакате да ја смените храната правете го тоа постепено во период од 7-10 дена.)

5. Кафез
( Имање на кафез со соодветна големина во кој ќе може да спие навечер е супер начин да го научите кутрето на граници и лимити. Исто така, препорачливо е спиење во ваков кафез за да се избегнат навечер бељи со мочкање и какање ?)

6. Пелени за постилање
( Додека да научи кутрето дека местото за мочкање и какање е надвор, пелените се супер начин да го ограничите ова дома.)

 

7. Вакцини и други ветеринарни услуги
( Доколку го земате кучето помладо од 12 недели, веројатно ги нема примено сите вакцини. Не заборавајте да го земете вакциналниот картон од одгледувачот за да знаете кога е следната вакцина. И седиме дома додека не ги прими сите вакцини ?)

8. Играчки!
( Секое кутре сака играчки, многу играчки. Но давајте му по една до две играчки дневно бидејќи ако ги добие наеднаш сите 15 што сте ги купиле пред да го земете може да не му се интересни ? Погрижете се да се тие играчки од нетоксичен материјал и соодветни за кучиња а не за деца. Играчките за деца не се направени од доволно издржлив материјал да не се скинат од гризење со тие остри млечни заби. Не би сакале вашето ново кутре да голтне дел од играчка и да треба да трчате на ветеринар.)

 

9. Награди!
( Овие награди ќе ги користите за тренирање и наградување на кутрето. Треба да се соодветни за младо кутре бидејќи нивниот дигестивен систем е нежен.)

 

За почеток ова е тоа ?
Не заборавајте да изберете матичен ветеринар и да бидете во контакт со него/неа за се што ве интересира или не ви е јасно. Редовното одење на ветеринар е од есенцијално значење за здравјето на вашето куче.
Во следните постови ќе ве запознаам со значењето на вакцините и болестите кои тие ги превенираат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *