Кокосово масло за кучиња

coconut oil for dogs

Kокосовото масло стана популарно во исхраната на луѓето во последните неколку години поради неговите огромни здравствени придобивки. Се верува дека дека кокосовото масло придонесува за зајакнување на имуниот систем, помага во намалување на телесната тежина, делува како лек против воспаленија и го подобрува умствениот процес. Верувам дека многу од вас се прашуваат дали кокосовото масло е дозволено за кучињата и уште поважно дали има здравствен бенефит?
Одговорот е ДА! – со умереност 🙂

Кокосовото масло се прави од внатрешноста на кокосот и се состои од 90% заситени масти, од кои поголемиот дел се средно-синџирни триглицериди. Иако повеќето од нас веруваат дека мастите се лоши, овие триглецириди нудат неколку бенефити меѓу кои извор на енергија. Овие триглицериди содржат лаурична киселина која има антибактериско, антигабично и антивирално дејство; и каприлична киселина позната по своите антигабични ефекти.

 

 

 

КОЖА

– помага во лекувањето на кожни проблеми како егзем, алергија од болви, контактен дерматит и чешање
– ги намалува алергиските реакции и го подобрува здравјето на кожата
– го намалува типичниот мирис на куче од крзното и го прави крзното мазно
– превенира и терапира габични инфекции
– дезинфецира исеченици и помага во зацелување на рани
– ако се аплицира топикално помага во заздравување на исеченици, рани, алергиски реакции, сува кожа и влакно, угризи и бодежи
– ги негува и лекува сувите перничиња на шепите и кожата на лактите

 

 

ДИГЕСТИВЕН СИСТЕМ

– го подобрува варењето на храната и апсорпцијата на нутритиентите
– помага во лечењето на дигестивните болести како „воспалителен цревен синдром“ и колитис
– го намалува или елиминира лошиот здив кај кучињата
– помага во борбата со внатрешните паразити

 

 

ИМУН СИСТЕМ

– содржи моќни антибактериски, антивирални и антигабични состојќи кои спречуваат инфекции и болести
– може да го намали ризикот за некои типови на рак

 

 

ЕНДОКРИН СИСТЕМ/МЕТАБОЛИЗАМ

– го регулира и балансира инсулинот и може да помогне во контролата на дијабетес
– помага во одржување на нормалното функционирање на тироидната жлезда
– ја зголемува енергијата и помага во намалувањето на телесната тежина

 

 

МУСКУЛОСКЕЛЕТЕН СИСТЕМ

– помага во изградбата на силни коски
– намалува воспаленија и може да помогне во намалување на неудобноста при артритис

 

 

МОЗОК/ОЧИ/УШИ/УСТА

– помага во одржување на здрава функција на нервите у мозокот
– помага во борбата со инфекции на очите и во ушите
– го подобрува здравјето на устата и забите

 

 

 

КАКО СЕ УПОТРЕБУВА КОКОСОВОТО МАСЛО?

Многу е важно да почнете со многу мали дози подолг период за вашето куче и неговиот организам да се навикне на кокосовото масло. Ако му дадете преголема количина пребрзо можете да предизвикате повраќање, дијареа и болки во стомакот. Доколку забележите помасен измет тоа значи дека треба да ја намалите количината на кокосово масло која ја давате.

Се препорачува да се започне со ¼ кафена лажичка за мали раси на кучиња и 1 цела кафена лажичка за големи раси на кучиња. Откако ќе го навикнете кучето на кокосово масло, препорачаната доза е ¼ кафена лажичка на секои 4.5 кг еднаш на ден. Најдобро е да го мешате со храната/оброкот и да го давате два пати неделно. Кокосовото масло може да се користи и во подготовка на домашни грицки за кучиња.
Доколку не сте сигурни колкава количина на кокосово масло е соодветна за вашето куче консултирајте се со вашиот ветеринар.
Сепак советувам да не се претерува со количината на кокосово масло која ќе ја давате на вашето куче бидејќи иако има видливи бенефити, долготрајните ефекти сѐ уште не се доволно истражени.

 

КОКОСОВОТО МАСЛО Е ДОДАТОК ВО ИСХРАНАТА И ТРЕБА ДА СЕ КОРИСТИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО А НЕ КАКО ЕДИНСТВЕН ЛЕК!

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *