Пубертет кај мачките

puberty in cats

Добредојдовте во адолесцентниот период на мачките ?
Откако ќе наполнат 6 месеци па се до возраст од година и 6 месеци, мачињата созреваат во возрасни мачки, процес кој е и фасцинантен и фрустрирачки. Фасцинантниот дел е да се гледа како мало маче се трансформира, а фрустрирачкиот дел е тоа дека ќе имате крзнен тинејџер на 4 нозе дома ? Мачката ќе биде полна со енергија која нема да знае како да ја потроши и ќе сака да се покаже и да го изгради својот карактер, со вас и со другите животни дома доколку ги имате.

Ова може да значи гребење на мебелот или уринирање по предмети дома за да го „остави својот мирис“, тепање со други мачки и др. Во најмала рака, мачките во овој период ќе ја докажуваат својата физичка сила и спремност качувајќи се на највисоките точки во домот и понекогаш превртувајќи предмети.

 

СЕКСУАЛНА ЗРЕЛОСТ КАЈ ЖЕНСКИТЕ МАЧКИ

Мачките ќе го добијат својот прв еструс (менструален циклус) во моментот кога ќе влезат во пубертет. Обично пубертетот започнува на 6 месечна возраст но може да варира зависно од времето во годината и условите.

Мачките се сезонски полиестрични животни, што значи дека тие ќе имаат неколку еструсни циклуси за време на сезоната на парење. Сезоната на парење кај мачките зависи од географските фактори и фактори во надворешната околина како температура и бројот на сончеви часови во денот. Во Северната хемисфера, мачките обично се во „сезона на парење“ од Јануари до доцна есен. Мачките кои живеат во потропски делови или само дома може да можат да се парат преку цела година.

Секој период за парење трае од 1 до 7 дена. Доколку мачката не се спари за ова време, ќе излезе од циклусниот период за 1-2 недели па така просечниот еструсен циклус трае 1-3 недели.

Многу ретко може да се забележи вагинално крварење кај мачка бидејќи крварат малку а се лижат многу. Најјасните знаци кои ќе ги забележите се бихејвиорални. Повеќето мачки стануваат помили, дури и нападни во барање на внимание. Се тријат од предмети, мебел и газдите за да го остават својот мирис и порака дека се спремни за парење. Доколку ги галите по грбот према опашката секогаш силно ќе ја кренат опашката и ќе подрипнат со задните нозе. Исто така стануваат многу гласни и се случува да мјаукаат панично цела ноќ.

Некои женки може да уринираат почесто или дури и да прскаат на вертикални предмети („маркирање“) кога се во период за парење. Во урината има феромони и хормони кои делуваат како сигнални пораки за нејзиниот репродуктивен статус према другите мачки. Доколку имате млада мачка која наеднаш почнала да ги собира мажјаците од маало тоа е знак дека влегла во пубертет.

 

 

* ГРАВИДИТЕТ (БРЕМЕНОСТ)

Мачките се познати по тоа дека имаат „индуцирана овулација“, односно тоа значи дека самиот акт на парење ја стимулира овулацијата и испуштањето на јајце-клетките од јајниците. Поради тоа, мачката може да се пари во било кое време за време на активната фаза на еструсот. На повеќето женки им се потребни 3-4 парења во период од 24 часа за да се случи овулација. Парењето кај мачките трае кратко, минута до две, и тие можат да се парат повеќе пати во краток период. Женките може да се спарат и со неколку различни мажјаци и можно е мачињата од леглото да имаат различни татковци ? Откако ќе се случи овулација, периодот за парење на мачката ќе заврши за еден до два дена.

Гравидитетот кај мачките трае околу 9 недели односно 63 дена. Детектирање на бременоста не е можно во првите 3 недели. Искусен ветеринар можеби ќе може да ги палпира мачињата во матката на релаксирана мачка (оптималмното време за палпација на фетусите е 28-32 дена од гравидитетот). Преглед со ехо може да се направи по 25иот ден од гравидитетот. По 6 недели скелетот на фетусите се калцифицира па бременоста може да се потврди и со рентген снимки, но не се препорачува поради зрачењето.

Најдобриот начин за да се спречи бременост кај мачките е со хируршка стерилизација. Кога и како се изведува прочитај повеќе тука.

 

СЕКСУАЛНА ЗРЕЛОСТ КАЈ МАШКИТЕ МАЧКИ

Мажјаците влегуваат во пубертет понекогаш и малку порано од женките, но во просек можете да очекувате дека вашиот мажјак ќе започне да покажува знаци на тинејџер веќе од 4 до 7 месеци старост. Иако на оваа возраст не се смета за возрасен мажјак, сепак ќе биде спремен за парење.

За време на пубертетот, машките мачиња почнуваат да развиваат мускули и создаваат дебели слоеви на мускул во образите за да ги заштити за време на тепачка со друг мажјак.

Мажјаците не влегуваат во класичен „период на парење“, но покажуваат некои очигледни знаци на сексуална зрелост како прскање со урина на мебел или ѕидови која содржи феромони и тестостерон, бегање од дома за да најдат женка, многу гласно завивање (особено навечер) за да ги повикаат женките и слично.

Повеќе околу кастрација на мачките прочитајте тука.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *