Ушни грини

Ушните грини се микроскопски паразити кои го живеат својот животен циклус во внатрешноста на ушниот канал и се хранат со мртви клетки. Најчестиот тип на ушни грини кои ќе ги сретнете е Otodectes cyanotis.
Присуството на грините во ушниот канал предизвикува воспаление кое може да води до секундарни инфекции.

Грините ги положуваат своите јајца во увото и потребно им е 3 недели на тие јајца да постигнат форма на возрасна единка која може да се размножува.
Мачките почесто страдаат од овие ушни грини за разлика од кучињата. Се пренесуваат со директен контакт со друго инфестирано животно. Најчест преносител на ушните грини се уличните мачки.

 

 

Симптоми:
– ексесивно чеашње и триење на ушите
– тресење на главата
– опаѓање на крзното и дерматитис
– црн или кафен секрет од увото
– јак мирис
– воспаление на увото
– опструкција на ушниот канал со дебрис кој изгледа како талог од кафе
– огреботини во близина на увото

За дијагностика на ушните грини се зема примерок од дебрисот во увото и се гледа под микроскоп. Вашиот ветеринар ќе ја потврди дијагнозата откако ќе пронајде ушни грини во примерокот.

 

 

Вашиот ветеринар ќе направи план на лечење кој ќе се состои од редовно темелно чистење на ушите и апликација на лек кој ќе ви биде препишан. Доколку има и секундарни инфекции, вашиот ветеринар ќе препише и антибиотска терапија.

Многу е важно да не престанете со терапијата во првиот момент кога ќе видите дека ги снемува симптомите. Овие инфестации се тешки за лечење и морате да бидете издржливи и упорни. Редовни прегледи кај вашиот ветеринар се многу важни за да може тој да ја следи состојбата и процесот на лечење. Вашиот ветеринар ќе одлучи кога да престанете со терапија.

Редовно, темелно, месечно чистење на ушите на вашето милениче е единствениот начин да превенирате инфестација со ушни грини или било која друга ушна инфекција.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *